Биди своја, но вистински своја, онаква каква што си внатре во себе

Кога си своја и навистина се имаш себе, тогаш се сакаш себе, но од оној здрав простор на вистината. Ги сакаш и другите бидејќи тогаш имаш доволно за сите.

Кога си своја, не си љубоморна, оргинална си и автентична, инспирираш, а не копираш. Кога си своја, имаш свое мислење и не се плашиш да го искажеш, без оглед на тоа што другите не мислат така.

Кога си своја, имаш свој стил кој не е нужно во чекор со актуелните модни трендови. Кога си своја, секогаш си поинаква и за жал често не сфатена и токму заради тоа си посебна.

Другите често нема да те разберат, но тоа не е важно, бидејќи на крајот ти си таа која го живее својот живот по свои правила.

Биди своја, но вистински своја, онаква каква си внатре во себе.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: