Повторно да се пронајде надеж, кога се’ ни се чини изгубено, е тежок дел на сечиј животен пат. Во такви моменти тешко е да се има доверба дека се’ ќе биде добро. Надежта може да звучи како грд збор кога чувствуваме дека паѓаме во очај. Ни делува повеќе како непозната работа, отколку како светло на хоризонтот.
Што да се направи кога ќе почувствувате дека светлината бледнее, без оглед дали станува збор за невозможни односи, здравствени проблеми или кариера? Кога е тешко да се пронајде и зрнце верба дека е можно да се оди напред.
Тогаш погледнете го патот зад себе. Стигнавте така далеку, а патувањето беше тешко. Ако стигнавте до тука, значи дека уште многу ве чека напред. Се сретнавте со моменти за кои мислевте дека е крај, но, сепак патеката и понатаму продолжува кон напред.
Сега не е ништо поинаку, дури ниту ако можете да ја гледате патеката. Дајте си простор за дишење. Оддалечете се од проблемите кои ве полудуваат. Ако станува збор за луѓе, одалечете се. Ако самите си создавате притисок, попуштете. Знам, лесно е да се каже, но секојдневно толку многу се оптеретуваме со совршенство, што не е чудно, што се чувствуваме изгубено и безнадежно. Ако малку се тргнете, ќе имате друга перспектива и простор за дишење.
Ако чувствувате потреба за разговор, обратете се на личноста во која имате доверба и олеснете си ја душата. Понекогаш е доволно да ги поделите чувствата со другите, за да добиете друг преглед на ситуацијата. Затоа поврзете се со луѓето. Живееме во виртуелно време, па можете да се обратите на било кој на светот.
Знајте дека не сте сами. Постојат буквално милиони луѓе кои секојдневно го преиспитуваат својот живот. Понекогаш е доволна утеха, сознанието дека не сме сами. Затворете го ова поглавје од животот. Ако ништо од наведеното не ‘запали’ – откажете се.
Најхраброто што можеме да направиме некогаш е да кренеме раце. Се откажувам. Не знам што ме чека понатаму и тоа е во ред. Со тек на време, патот ќе ви биде појасен, но ако се фиксирате на проблемите, сами себе ќе се излудите. Тоа ќе помине. Ова со тек на време ќе биде дел од минатото, а вие ќе се најдете на чистина. Небото ќе биде ведро и иднината ќе изгледа светло.
Дотогаш само пуштете и издржете. Ова поглавје на вашиот живот, можеби е исполнето со сенки и немир, но на вашата приказна овде не е крајот. Многу работи ќе треба сеуште да течат и постои голема шанса дека се’ ќе се промени.
Чудата се раѓаат од темнината, од невидливото, затоа оваа бура низ која поминувате, можеби е пат кон промени. Не мора да верувате, само свртете ја страницата и дозволете следното поглавје да биде подобро и посветло од минатото.
Извор: thegoddesscircle.net
Leave a Reply