Биди мирен…Бог е поголем од твоите проблеми

Вети си себеси дека за себе ќе мислиш добро и овој факт ќе го објавиш во светот, не преку големи зборови, туку со големи дела.

Ќе живееш со вера дека целиот свет е на твоја страна, бидејќи си искрен кон она најдоброто во себе. Ќе бидеш толку силен, за ништо да не може да го промени твојот внатрешен мир.

Ќе зборуваш за здравје, среќа и просперитет на секоја личност која ќе ја сретнеш. Ќе направиш се’, твоите пријатели да чувствуваат како го препознаваш позитивно во нив, кон кое треба да се стремат и погрижи се твојот оптимизам да се оствари.

Ќе мислиш само за најдобро, ќе работиш само за најдобро, ќе очекуваш само најдобро. Подеднакво ќе бидеш полн со ентузијазам за успесите на другите луѓе, како да се работи за твој успех. Ќе ги заборавиш грешките од минатото, за да можеш да се зафатиш за работа и да оствариш повеќе во иднина.

Секојдневно ќе шириш радост околу себе и ќе му подариш на секој по една насмевка. Ќе потрошиш на лично усовршување, а со тоа ќе немаш време за критизирање на другите.

Ќе бидеш преголем за грижа, преотмен за бес, пресилен за страв и пресреќен за да им дозволиш на неволјите да се одомаќинат. За себе ќе мислиш добро и овој факт ќе му го објавиш на светот, не со големи зборови, туку со големи дела. Ќе живееш со верба дека цел свет е на твојата страна, додека си искрен кон она најдоброто во себе.

Chritian D Larson

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: