Дали имате некој, кој го кренал носот до небо, затоа што остварил некој успех, па смета дека никој не му е рамен. Не му се блиски луѓето кои некогаш биле до него, кои го поддржуваа, делеа со него добро и зло, туку сега по тој успех, бара луѓе фини и угледни, луѓе за кои смета дека се повредни од оние со кои бил опкружен порано.
Не е важно што имаш, важно е какви чувства будиш кај другите. Дали тие чувства се полни со топлина и радост или тоа е мачно чувство кое се појавува, кога ќе се најдеш во близина на човек, со кој мораш да бираш зборови, луѓе со кои мораш да внимаваш како се однесуваш, затоа што тој верува дека е нешто повеќе од тебе.
Не заборавај, твое е да разбудиш позитивни чувства кај соговорникот и по твоето заминување, уште долго да паметат како се чувствувале во твоја близина.
Не е важно што имаш, важно е колку делиш од тоа што имаш со другите. Дали поради тоа што го имаш сметаш дека треба да се однесуваш како да си поголем од другите? Вистина е, може сѐ да изгубиш во еден момент, па тогаш да се прашуваш зошто такво било твоето однесување.
Ако му дозволиш на егото да го гуши твојот живот по свои параметри, на крајот всушност сфаќаш дека си се изгубил себеси и сѐ она што некогаш си имал околу себе. Најболно, луѓето кои верувале во тебе и кои сѐ со тебе делеле. Ти си тој кој одлучува.
by Рита
Leave a Reply