Луѓето доаѓаат и си одат…Никого не тргај за ракав

Не треба да му верувате на оние кои ни самите на себе не си веруваат, кои не се сигурни во себе и кои на крајот ќе речат дека не знаат што и зошто тоа го рекле.

Не треба својот живот поради нивните зборови, да го претворате во непотребна драма. Пуштете ги нека зборуваат што им е на ум, но тие зборови нека не ве допираат повеќе од развигор кој ќе проструи.

Кога ќе научите да игнорирате небитни работи, ќе сфатите колку луѓето зборуваат бескорисно. Драматизираат, а продолжуваат да живеат како и порано. Се закануваат, а нема ни мрава да згазат.

Се чини дека луѓето ни сами себе не се сфаќаат сериозно, па зошто тогаш вие тоа го правите? Тргнете се од оние кои го пикаат носот во туѓите работи, од оние кои мислат дека се незаменливи, оние кои на другите ‘очи му вадат’ со своите успеси. Тргнете се од нив и живејте го својот живот во мир. Игнорирајте го она што луѓето зборуваат, животот не функционира на таков начин.

Расправата со нив е борба со ветерници. Таквите луѓе мислат дека само тие единствено се во право, па затоа никогаш нема да го сослушаат другиот и се’ што ќе им кажете- сте рекле во ветар.

Со такви луѓе ќе доживеете многу повредувања во односите и ќе се прашувате, зошто сте мислеле дека вие можете да бидете оној кој нешто ќе промени.

Направете нешто за себе и не им давајте многу важност на луѓето што ви зборуваат. Подобро да одиш сам, отколку твојот сопатник да биде вечен трагичар, човек на кој јазикот му е поголем од паметот. Подобро да се оди напред сам, отколку со некој кој те заморува, исцрпува и те остава ментално и емоционално полумртов.

Кога ќе почнете, да не се грижите за секој збор кој луѓето ќе ви го кажат, ќе најдете место за подобри работи и подобар живот.

Знаете ли колки вреди вашиот мир? Онолку колку ви е потребно да се свртите и да ги напуштите луѓето кои ве замараат.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: