Зошто жените ги напуштаат добрите мажи?

Жената често си замерува што одбра погрешен маж, а на мажот му замерува дека не ги исполни нејзините очекувања. Меѓутоа, понекогаш мажите се трудат околу односот со жената, но сепак врската нема да успее.

‘Правев се’ за неа и се трудев, но таа сеедно ме напушти. Што и’ недостасува?’

Всушност се случува парадокс. Ако е мажот подобар, жената побргу ќе го остави. Идеалниот маж жените најчесто го опишуваат како добар, внимателен, љубезен, самоуверен, великодушен маж. Се прашувате, зошто тоа се случува:

1. И’ станува досадно. Можеби е тешко да се поверува, но тоа се случува. Кога жената ужива во големо внимание и љубов, тогаш врската станува монотона. Од друга страна кај добриот маж нема што да се менува, па затоа и’ се јавува досада.

2. И’ смета перфекционизмот кај мажот. Жената може тешко да се носи со квалитетен маж, посебно ако нејзината самодоверба е разнишана. Исто така, понекогаш тешко се функционира со маж кој се’ работи на идеален начин. Со самостоен маж не е лесно да се манипулира, па жените понекогаш таквата состојба не ги привлекува. Исто така, ако тој маж држи се’ под контрола и се’ му е испланирано, жената на тоа знае да гледа како на малодушност.

3. Неговата смиреност. За жените кои сакаат нормално функционирање, мажот кој е смирен и стабилен е вистинска уживанција. Меѓутоа, во денешно време жените ги привлекува сосем нешто друго. Постоењето на контрадикторност, расправа, докажување кој е во право. Кога сте со идеален маж, тој сака да најде вистинско решение и избегнува судири. Додека со мажот кој има експлозивен карактер нема да имате таков исход, а тоа на некои жени им одговара.

4. Мажот кој се’ трпи. На почеток на жената ќе и’ годи што таа за се’ се прашува и што и’ се исполнуваат нејзините желби. Меѓутоа со тек на време на жената почнува да и’ смета таквото однесување и таа сака покрај себе да има маж кој ќе ја превземе иницијативата. Бргу ќе се умори од таков однос, бидејќи на мажот покрај себе почнува да гледа како да има дете.

Секоја жена всушност е приказна за себе. Важно е да бидете свои и во тој случај мажот и жената подобро ќе комуницираат.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: