Не можете да изгубите нешто, што никогаш не ви припаѓало

Дали некогаш се прашувате дали болката која ја чувствувате пред раскинувањето е всушност одраз на љубов?

Или е тоа само одраз на нашата поврзаност кон одредена личноста? Се вели дека приврзаноста често предизвикува негативни емоции како љубомора, себичност, опсесија. На кој начин да се спречи приврзаноста која предизвикува такви емоции и пушта корени во нашата душа?

Треба да имаме идеал.

Но, идеал кој не е врзан со личност, ниту наклоност кон неа. Идеалот треба да се оденсува на самата љубов. Често имаме погрешно уверување, а тоа е дека само кога сакаме некој тогаш имаме љубов. Важно е да запомниме и знаеме, дека драгата личност не е извор на љубов, туку помошник за да го разбудиме тоа чувство во нас.

Кога тоа ќе го сфатиме, тогаш на личноста покрај нас гледаме со благодарност. Сфаќаме дека таа ни помогна да ги откриеме најубавите чувства. И тогаш зборуваме за убавата страна на љубовта. Со помош на другите личности сме доживеале најубави чувства во животот и ако таа личност си замине, ние остануваме благодарни.

Зошто? Па со таа личност го разбудивме своето чувство, но со заминувањето на таа личност не го изгубивме. Кога ќе го запознаеме вториот ‘помошник’ ние повторно така ќе се чувствуваме. Значи, чувството на љубов е само наше, бидејќи го носиме во себе. Помошникот не е тешко да се пронајде. Важно е да сме позитивни и срдечни.

Кога ќе бидете исполнети, благодарни и кога верувате, тогаш ќе сретнете личност која ќе ви го разбуди повторно тоа чувство. Важно е прво вие да сте задоволни со себе. Човекот не треба да жали по изгубеното. Причината е дека ако некој не му припаѓа, тоа значи дека не може да биде загуба.

Потребно е да се сфати дека никој не ни припаѓа нас, ниту пак ние му припаѓаме на некој. Секој од нас има свој пат. Ние сме тука едни за други, но не поседуваме сопственост над друга личност, како што ниту таа не’ поседува нас. Не можеме да изгубиме нешто и да бидеме губитници, кога нешто ниту поседуваме.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: