Твојата пасивна агресија не е комуникација, тоа е насилство

Последниве денови кај моите пријатели ја гледам како расте грдата пасивна агресија кон луѓето кои наводно ги сакаат. Присутни се многу лоши коментари кои се ‘смешни’ официјално, а всушност се смеат само тие. Навреди, некогаш директни, а некогаш и фино спаковани.

Често се случуваат и детски лутења и игнорирања. Испади на бес, драми и солзи. Па потоа повторно ред игнорирање и така се додека личноста од другата страна не се умори и не помисли ‘Ова е премногу за мене’ и навистина не си замине. А сите во некој момент од животот сме биле и од едната страна и од другата.

Животот е многу вреден и драгоцен за да се согласам да бидам жртва на нечија незрелост и пасивна агресија. Но, исто така сум свесна дека луѓето грешат. Тоа е непобитен факт. Грешиш ти. Грешам јас. Грешат сите околу нас. Понекогаш случајно, понекогаш намерно. Понекогаш бидејќи знаат подобро или мислат дека немаат избор. Но, најмногу ќе се зафркнеме ако наместо комуникација, отворена и искрена, ги бираме методите на обид да истераме некоја правда.

А не можеме да ја истераме на тој начин бидејќи другите луѓе се други луѓе, вселена во мало. Имам свои идеи и претпоставки, свој грешки во генетскиот код и сопствената потсвест, свои идеи за правда, свои желби, соништа и емоции. И тие никогаш нема на сила да го променат својот став, само за да ти се допаднат тебе, посебно ако се обидуваш на тоа да ги натераш на сите погрешни начини.

Посебно во односите. Луѓето во односите влегуваат за да им биде убаво нив, за да бидат среќни, задоволни и исполнети. А не да бидат жртви на нечија психопатологија и нечија пачавра. Тоа се однесува и на љубовта и на пријателствата.

Затоа кога форсираш, ти ја комуницираш сопствената немоќ. Кога даваш безобразни забелешки, провоцираш расправија или едноставно се лутиш, ти покажуваш дека подобро не знаеш и дека си многу несреќна и незрела личност.

Кога врескаш и трескаш со вратите комуницираш на ниво на дете. А кога некој игнорираш само за да тераш некој инает, покажуваш дека тоа премногу те погаѓа. И единствен начин на кој можеш со таа личност да излезеш на крај е да се обидеш да ја увериш дека е небитна. И тоа го правиш само себе да се увериш колку вредиш. А постигнуваш контра ефект.

Таква пасивна агресија е всушност невербално насилство, еднакво ако не и полошо од она кога се дереш на некој и го навредуваш. И да, не дава ефект. Бидејќи луѓето кои се почитуваат и на кои не им е до драма во себе ќе кажат: ‘Благодарам, ама Не- Благодарам многу’ и ќе си заминат.

Нема да се налутам. Нема да мислам најлошо за тебе, ниту ќе кажам пред другите нешто лошо. Ти посакувам се’ најдобро, но ќе си одам од твојот живот. Пасивната агресија доведува до тоа да наместо да им се приближиш на луѓето, бидејќи тоа себеси си го посакуваш, ти всушност се оддалечуваш од нив.. Оние вистинските, зрели, нормални луѓе, добри, полни со љубов, ќе се тргнат бидејќи знаат дека заслужуваат многу повеќе и дека ти во тој момент не можеш да го дадеш.

Даваш драма. А драма на никој не му треба. Затоа наместо испади, огорченост, навреда, лутење или игнорирање кои на некои луѓе им ги сервираш за доручек, ручек и вечера, со најоштри зборови – застани и воздивни. Прашај се: ‘Дали јас навистина сакам вака? Зошто тоа го правам?’

Размисли и застани на црта. Извини се. И потруди се да бидеш нормален пред да заминат некои луѓе. Колку и да ти биде жал и колку ќе сакаш подоцна да ги поправиш односите, на луѓето тогаш ќе им биде сеедно. Тогаш е доцна.

Марија

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: