Кога маж ќе засака девојка, тој ја прифаќа и го сака секој нејзин дел. Дури и ако има дете, тој тоа дете ќе го прифати и ќе го сака на свој начин, бидејќи е дел од личноста која ја сака.
Дама со дете, кога ќе запознае нов маж, очекува дека без проблеми мажот ќе го прифати и засака нејзиното дете. За жал, реалноста не е секогаш таква. Мажите често не се подготвени да прифатат дете, иако ја сакаат неговата мајка.
Најчесто се јавува одбојност на почетокот, но со тек на време го прифаќаат детето. Зошто тоа на почеток е отпор?
1. Мажот се чувствува како да има конкуренција. Вниманието на жената која му се допаѓа не е во потполност само на неа. Мажот треба да разбере дека ако жената има дете, таа не може да му припаѓа само на мажот. Таа сепак е мајка. Кај мажите може да се развие љубомора бидејќи ќе видат колку внимание нивната сакана му посветува на друго суштество. Затоа тој во детето ќе види само конкуренција, а не некој со кој треба да развива однос и добра поврзаност.
2. Мажот нема искуство со деца. Кога е во прашање оваа причина, мажот едноставно нема искуство со деца и не му е јасно како треба да се однесува и како да реагира во одредени ситуации. Тоа му создава потешкотии. Во оваа ситуација тој не е во можност врската со жената која ја сака да ја раздвижи и да ја префрли на друго ниво. Кога мажот вака ќе се збуни и ќе сфати дека има потешкотии, врската меѓу него и партнерката која има дете најчесто стагнира. Со детето е можно да се влезе во конфликт, бидејќи нема да знае како да се однесува, а не затоа што му е намера да развие непријателски однос. За своите грешки во односот со детето најчесто нема ниту да биде свесен.
3. Мажот се плаши од одговорност. Присуството на детето во врската бара некои дополнителни одговорности од двајцата партнери- тоа значи дека мажот за одредени работи мора да превземе одговорност на себе. Ако не сака, ако сака слобода, независност, тој потполно ќе ја избегне комуникацијата со детето.
Сите овие ситуации спречуваат мажите да воспостават квалитетен однос со својата партнерка, односот мајката на детето.
Leave a Reply