Дали крајот вака мириса?… Можеби е доцна, а може не..

Самата помисла на крај во нас најчесто буди немир. Се трудиме да не му се опираме или барем малку да го одложиме. Краевите ги доживуваме како лични порази, но тоа е сосем спротивно.

Понекогаш крајот не’ тера да го пронајдеме новиот почеток. Да излеземе и да ја исполниме таа празнина откривајќи нови работи за себе и пронаоѓајќи нешто што е подобро за нас. Да најдеме храброст, да се одалечиме од работите и луѓето кои повеќе не не’ инспирираат. Работите кои повеќе не не’ придвижуваат.

Крајот секогаш и не треба да значи плачење. Не мора да биде тажен, затоа што од мали нозе не’ учеа дека завршетоците се нешто лошо. Некои завршетоци се среќни или водат кон среќни краеви.

Некои краеви, на почеток е тешко да се ‘сварат’, но ако убаво ги анализирате, покрај болката, ќе видите мудрост и лекции кои носат со себе.

Прилики, кои не’ доведоа до личност, во која се претворивме.

Крајот носи многу повеќе благослови од било кој почеток. Почетоците се возбудливи и понекогаш можеме да го предвидиме, она што навистина го сакаме, бидејќи сме преплавени со занесот. Зависни сме од идејата дека се случува нешто ново, но, вистинскиот благослов стигнува на крајот.

Кога работите ќе завршат, присилени сме внимателно да ги разгледаме сите прашања, како и зошто. Кога работите ќе го достигнат својот крај, соочени сме со безброј прашања, кои не’ тераат да пронајдеме важни одговори.

Иронично, но најтешките завршетоци, секогаш се најдобри за нас. Но, најубавата страна на завршетокот е што откривате, што треба да биде ваше, а што не.

На тој начин Бог не’ насочува по правиот пат. Тоа е Божја порака и со неа не можеме да згрешиме. Божјиот план е подобар од нашиот. Завршетоците се секогаш скриен благослов, без исклучок. Треба да ги сакаме подеднакво како и почетоците, бидејќи носат толку нови прилики. Толку слобода и толку надеж.

Извор: thoughtcatalog.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: