Пуштете на време. Никој не го задржувајте. Се’ ќе ви дојде тогаш кога ќе ви биде потребно. Секогаш ќе го препознаете вистинскиот момент, само верувајте во себе, во својата инутиција и не ги залажувајте другите. Никој не е роден како жртва. Научете кога е вистинско време за пуштање. Пуштете ги пријателите, неуспешните врски, лошите навики. Отпуштете ги негативните и депресивните мисли, болните сеќавања, негативните луѓе или оние кои се моментално покрај вас.
Тргнете се на време. Не го покривајте вашето тело со лузни. Престанете да ја труете душата со отров наречен вина- тоа е чувство кој ве одалечува од животот и смислата. Почитувајте го својот живот повеќе, отколку што го почитуваат другите. Ако гледате дека некој својот живот го смета за повреден од вашиот, тргнете се.
Мора да научите да бидете одговорни за својот живот пред да бидете одговорни за туѓиот. Никој не е роден како жртва. Бог не бара од нас да го жртвуваме својот живот или својата способност да сакаме. Научи да се тргнеш. Лесно е да се изгубиш себе- да станеш некој друг, да живееш во друг свет, во друга стварност. Дури не е тешко ни да ги посакуваш тие работи. Тешко е да се пронајдеш себе. Единствено ние можеме да одредиме колку ќе даваме.
Ако се жртвуваме себе за ништо, не стануваме посилни, туку послаби. Научете да се тргнете од сите ситуации. Без оглед на вашето мислење, не постојат лоши луѓе. Постојат само оние кои се поинакви од нас, а ние сме одговорни само за нашите постапки.
Заминувањето понекогаш е нужно. Се’ што ни се случува во животот, било каде околу нас, се случува со наша дозвола. Ние создаваме живот таков каков што е. Ние му дозволуваме на темнината да владее со нашиот живот и ние го пуштаме стравот да влезе во него. Ние стануваме странци во сопствениот живот.
Погледнете околу себе, можеби дојде време да се ослободите од се’. Тешко е се’ да се остави зад себе и да се оддалечиш без оглед на туѓото мислење. Тешко е да си одиш, но кога ќе дојде вистинскиот момент, заминувањето е нужно.
Оставете ги зад себе, опсесивните илузии и наметнати стравови, но никогаш не заборавајте да сонувате и понатаму. Не се плашете од неуспех- тој само потврдува дека сте се обиделе. Не се плашете од туѓи реакции, бидејќи ништо не можете да предвидите пред да се случи- стравот е бесмислен.
Она што треба оставете го и продолжете. Се’ ни доаѓа во вистинско време. Секогаш сме свесни за своите желби. Ги помниме сите оние моменти кога сме очекувале нешто што не сме добиле, но никогаш не размислуваме зошто Универзумот не’ поштедил. Вистината е многу едноставна. Се’ ни доаѓа во право време, дури и чудата.
Затоа треба да си одите на време, да ги отпуштите работите и никој, никогаш да не го запирате. Бидејќи ако останете подолго отколку што треба, сценариото на животот ќе продолжи да се повторува- само други глумци ќе ја играат улогата..
Извор: consciousreminder.com
Leave a Reply