На оженет маж не му се дава срцето, бидејќи тука нема среќа

Често се поставува прашање, како жената да знае дека го пронајде вистинскиот и дека тој ќе биде добар маж и добар татко? Да биде остварена и исполнета жена. Еве 5 интересни поговорки кои можат да ви бидат корисни.

1. Она што ќе ве восхити од прва, не значи и дека е добро. Жената која е подготвена за брак, знае дека заслужува најдобро. Таа сака потпора, разбирање и секогаш да има комплименти наменети за неа. Мора да знаете дека понекогаш љубовта ве прави слепи и премногу не треба да го идеализирате мажот. Вистинските заклучоци ќе ги донесете со тек на време.

2. Секој кој ќе ти се насмее, не значи дека ти е пријател. Не мора да значи дека оној маж кој ви подарува цвеќе секој ден, посебно на почетокот е вистински. Понекогаш ќе се испостави дека вашиот вистински избор е оној за кој сте рекле ‘Нема шанси’.

3. Не го давај срцето на оженет човек, тој ќе замине дома и ќе заборави на тебе. Не се водете по она ‘што не може да се добие тоа е послатко’. Знајте да се цените себе и да му бидете на некој избор. Со оженет човек можете тешко да постигнете она што посакувате.

4. Кој не ја вкусил горчината, нема да го разбере слаткото. За да го вкусите мирот, среќата, благосостојбата, потребно е да ве обликуваат бури и шокови. Квалитетните промени најчесто така доаѓаат. Можеби не е идеално во вашиот однос, но кога љубовта е движечка сила, тогаш ќе успеете.

5. Љуби го оној кој те сака, па иако е безначаен. Не го сакај оној кој не те сака, па макар бил султан. Мудрите луѓе ќе кажат: ‘Жената е најслаба кога сака, а најсилан кога е сакана’. Кога сте со некој кој навистина ве сака, тогаш сте подготвени да дознаете што е љубов, се менувате, растете заедно. Кога само една страна сака, така чувствувате се’ она што љубов не е.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading