Од нашата вибрација зависи колку ќе бидеме среќни: 5 начини за да ја подигнете енергијата на повисоко ниво

Човечката енергија е ресурс кој е неопходен за извршување на задачи, одржување на емоционална, интелектуална и физичка активност. Понекогаш ни е потребно да ја зголемиме енергијата за да ги надминеме некои проблеми.

1. Разговор. Во било која тешка ситуација или во оние периоди кога се чувствувате исцрпено или тажно, разговарајте со некој кој ве инспирира и сака. Таквите луѓе се во состојба да ве наполнат со енергија, затоа не се плашете да комуницирате со нив кога ви е потребно.

2. Вежби за дишење. Научниците утврдија дека постои блиска врска помеѓу вашата емоционална состојба и дишењето. Истата работа се случува и со енергијата на телото. Што побргу и поплитко дишеме, тоа се ‘ повеќе се собира енергија во нас. Длабоко вдишете, задржувајќи го здивот неколку секунди. Потоа почнете да издишувате 10-15 секунди. Повторете го ова најмалку десет пати. Ќе почувствувате налет на сила и самодоверба. Ова ќе укаже на тоа дека вашите чакри се отворени и подготвени да работат за вас.

3. Квалитетно спиење. Понекогаш е добро само да седите и да се опуштите. Здравиот сон е она што ни е потребно на исцрпеното тело и уморната душа. Дури и ако се чувствувате физички уморно. Дозволете си себеси одмор во текот на денот. Ова ќе ве развесели и ќе го зајакне вашето биополе.

4. Имајте во мислите секогаш нешто што ќе ве расположи. Во поголемиот број случаеви, енергетските проблеми се поврзани со фактот да размислуваме за нешто лошо – за работата, грижите, неволјите. Ако сакате да се развеселите, сетете се на нешто што ќе ви ја измами насмевката на лицето. Секоја добра мисла ќе помогне да се прилагодите на најдобро.

5. Донесете ги работите во ред. Ако сте на работа, исчистете го својот работен простор. Ако сте дома, исчистете ја куќата. Ова е многу корисен совет за оние кои живеат во неред. Исчистете, дури и ако тоа не ви е по ќеф. Како резултат на тоа, ќе забележите дека се чувствувате подобро.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: