Отсекогаш ја чувствувам многу туѓата енергија и расположенијата. Поради тоа не сакам дружење во голема група на луѓе. Го чувствувам цел тој микс на вибрации, широк спектар на се’ и сешто. И се чувствувам лошо. Ми требаше цел мој живот да научам како да не потонам во туѓите вибрации и расположенија, да не паѓам енергетски.
Тоа се оние моменти, кога се чувствувате дека некој ве исцедил како лимон. Научив да се оградам, заштитам, ако треба и да се оддалечам од луѓето кои енергетски на мене и на другите луѓе околу нас, делуваа како црна дупка. Треба многу сила и самодисциплина да научиш да не упаднеш во вртлогот на нивната мрачана гравитација.
Што е со љубовните односи? И каква врска има ова со играта на заведување? Ох, и тоа каква. Уметноста на заведување е уметност на насочување на најмоќната енергија која постои, онаа сексуалната. Тоа запомнете го.
Луѓето можат да ве заведат на многу начини. Тоа е вештина на манипулација која може да се научи. Како што е примерот со јапонската Гејша, на која и’ е потребен само еден поглед за да ги заведе мажите. Се’ на неа повикува, мами, заведува, а всушност ништо не прави, само те гледа или ќе прошета покрај тебе, ќе се насмевне во некој ‘случаен’ момент.
И тоа е уметност, но е и манипулација. И тоа една од најдобрите и најмоќните.
Замислете да запознаете некој кој ви е wow на сите нивоа. И тој некој е внимателен, свесно ви се дава и насочува голема количина на сексуална енергија кон вас. Се’ е убаво, разиграно, забавно, едноставно. Од почеток тоа ве плаши, резервирани сте, но тој некој толку многу се труди што пополека ја спуштате својата заштита и се вљубувате. Станувате подостапни, а таа личност тоа го чувствува и пополека се повлекува.
Вие не знаете зошто тоа се случува, но чувствувате дека таа енергија на која навикнавте повеќе не патува до вас. А го посакувате, гладувате по тој некој, станувате зависни од неговата енергија. И ќе го добиете ама на кратко. Бидејќи тој некој ви прати порака, ве повика, ви посвети малку внимание или со вас помина некоја ноќ. Се чувствувате накратко како на седмо небо, а потоа таа личност повторно ја нема и вие повторно паѓате.
Звучи познато?
Тоа е свесна манипулација, но не само психолошка, туку и енергетска.
Што повеќе за некој размислувате, вашиот ум психолошки исто така со вас игра игра, па постојано ви нафрлува уште такви мисли, бидејќи потсвесно заклучува дека вие нешто за кое многу размислувате е многу важно. Ептен важно.
Ако ги земеме во обзир и енергетски манипулации, не е ни чудо што многумина остануваат со месеци и години заглавени во паразитски односи во кои вечно се вртат во круг. Како зависници. Сигурна сум дека два-три пати сте налетале на ситуации кои не ги разбирате дека некој свесно останува во манипулативен однос или кога ќе видите дека успешна личност, финансиски издржува некој кој ништо не работи.
Или зошто некои луѓе со години страдаат за некој кој не им нуди нормален однос, туку постојано игра некои игрици. Малку е со нив, па ги напушта. Поминува со него некој ден, па не се јавува со недели. Тоа не се само патологии во психолошка смисла, тоа се и енергетски неврзувања. Тие луѓе се едноставно ‘енергетски вампири’.
Луѓето околу нас не се цвеќиња.. Не доаѓаат сите со добри намери и со желба заедно да растеме, учиме и делиме, како своето знаење, емоции, така и енергија. Некои доаѓаат до нас едноставно да ни ја цицаат енергијата.
Бидејќи таму каде што има изобилство на енергија има и изобилство во сите други сфери.
Марија
Leave a Reply