Љубовта нема граница, облик и услови. Кога тоа би можеле да го сфатиме, се’ би било поинаку во нашите животи. Најфаталниот убиец на една врска е врзаноста. Оваа непријатна мала работа, на почеток се прикрива со ‘љубов’, а подоцна се искажува во форма на љубомора и потреба. Врзаноста е позната и како ко- зависност, прави да веруваме, дека не можеме да живееме без таа личност која ја сакаме. А тоа и двајцата ги става во опасен кафез. Кога така длабоко ‘сакаме’ ние ја забораваме нашата важност и своите потреби, бидејќи угодувањето на нашата омилена личност е така добро.
Кога сакаме безусловно, болката на врзаноста не може да влијае на нас. Да се сака безусловно е прифаќање на се’ што е. Кога не можеме да го прифатиме некој, онаков каков што е, се обидуваме да го промениме, а себеси се уверуваме, дека ние знаеме најдобро.
Тоа често е почеток на отровни односи. Не е лесно да се сочува вистинската љубов и да не се дозволи да се претвори во врзаност, но овде се три најдобро чувани тајни, како тоа да се оствари пред да биде прекасно.
1. Запрашајте се како сте се чувствувале, првите неколку дена по средбата со саканата личност. Ако не можете да се сетите на тоа чувство и искуство, тоа треба да се набљудува како знак за предупредување. Кога за прв пат ќе почувствуваме љубов со одредена личност, имаме огромно чувство на слобода и среќа. Нашите сетила стануваат посилни, го цениме животот, се’ е онака, како што треба да биде. Важно е да запомните, како сте се чувствувале без таа личност во физичка смисла. Сетете се колку сте му биле благодарни на животот, само кога ќе помислите на таа личност.
2. Љубовта е вечна, немерлива. Кога вистински некој сакаме, тоа треба да биде безгранично. Треба да бидеме во состојба да сакаме некој, толку целовито, што и самата помисла на таа личност да не’ направи среќни. Кога ќе се врзиме за некој, ние цело време копнееме за присутноста на таа личност. Дури и ако знаеме каде се наоѓа таа- тоа не ни е доволно. А тоа е опасно.
Откога ќе сфатиме и прифатиме дека љубовта нема крај, дека може да се почувствува меѓу светови, преку океани, тогаш ќе ја сфатиме важноста, да се овозможи слобода и простор. Не само на саканата личност, туку и на самиот себе.
3. Безусловната љубов е дефиниција за прифаќање на несовршеноста. Безусловната љубов сфаќа дека ништо не е совршено, но таа несовршеност е совршенство. Врзаноста е многу критична, осудувачка, контролирачка и сериозна.
Ако некогаш сте се фатиле, како носите одлуки наместо вашата сакана личност или држите предавање за промена или како, тој некој, не ги исполнува вашите очекувања- вие сте на патот кон страдање. Безусловната љубов не станува врзаност. Таа се прифаќа и сака. Трпелива е и љубезна, сочувствителна во сите животни подрачја.
4. Безусловната љубов е сеопфатна. Значи, мора да ве вклучи и вас. Не смеете да ја залевате туѓата градина, пред да ја залеете својата. Безусловната љубов не е можна без љубов кон себе. Интеграцијата на безусловната љубов, има моќ да го ослободи човештвото од многу врзување, има способност на исцелување на рани и дава живот низ Љубов.
Извор: atma
Leave a Reply