Како да му се угоди на маж со високи критериуми? Барајќи совршенство влегувате во незадоволство

Некогаш заглавуваме во долга врска со маж за кого не сфативме дека има преголеми барања. Без оглед дали е перфекционист или е Бик во хороскоп, на премногу напорниот маж тешко е да му се угоди. Како ќе го препознаете?

Првиот показател е дека на се’ наоѓа мана. Можеби во начинот на облекување, свој, ваш. Можеби во бојата на косата или новите панталони кои ги купивте или начинот на кој јадете или ја чистите куќата. Можеме вака во недоглед, но мана ќе најде.

Како да се изборите со ваков маж? Едноставно е- објаснете му дека мора повеќе да се опушти. Наместо што се замара со ситници, подобро е да ги пушти и да ужива во нешто друго. Замарајќи се со ситници кои немаат голема важност само губи живци и троши драгоцено време од својот живот.

Друг пример е да забележите колку внимание му посветува на својот физички изглед. Дали често се дотерува? Дали често наоѓа мани во вашиот изглед? Објаснете му дека е многу површен начинот на размислување. Убавината е секако минлива и не можете да ја задржите.

Обидувајќи се тоа да го поправате него, лесно ќе упаднете во замката на вечно незадоволство. Подобро е своето внимание да им ги посветите на работите кои вечно траат и тоа е убавината на природата. Уживајте во повредни работи.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading