Силните не ги сакаат- не можат да ги контролираат

Силните е тешко да се контролираат и затоа не се омилени. Тие се слушаат себе, знаат што заслужуваат и не се подготвени од тоа да се откажат. Во себе имаат сидра, на кои цврсто се држат и желбата да живеат чесно и покрај се’ да бидат среќни.

Имаат силни корени кои не дозволуваат да се искоренат. Затоа не можат да се уништат нивните цврсти принципи, самодоверба, морал и вербата во себе.

Многу се способни сами да ја издржат секоја вистина, ударите на судбината, мачни дејстава и бурата на сопствените чувства.

Тие не се плашат од болка, бидејќи ја преживеале болката во сопственото срце и поминале низ пекол. Научија раните да ги претворат во мудрост и да уживаат во животот, чувајќи ја при тоа убавината и нежноста во срцето.

Силните не одат по туѓ пат, не трагаат по среќа и не молат за љубов. Но, ако Бог им ја даде, ја прифаќат како голем дар и никогаш не ги изневеруваат оние кои ги сакаат

Живеат чесно, постапуваат по своја совест, не се важни и самобендисани, не ги учат другите како да живеат. Полесно им е да се посветуваат на развојот и работата на себе.

Го носат својот крст и не го префрлаат на туѓ грб. Одговараат за она што кажаа и направија, а за падовите се обвинуваат само себе. Учат на грешките и извлекуваат заклучоци, наместо да се сожалуваат себеси.

Не можат да ги свиткаат, да им наметнуваат она што не сакаат, никогаш и под никакви услови.

И умеат да си одат. Силните умеат да си одат еднаш и засекогаш. Не ги тестирајте нивните чувства, карактер и трпение -ќе се скршите

Лија Рус

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: