Вистинска интимност значи да се допре душата на друга личност

Што прво ви паѓа на памет кога ќе го изговорите зборот ‘интимност’? Физичка близина, зарем не? Сексуален однос, сензуален допир, силно гушкање, кратко дишење, топлина, задоволство, страст, желба, нагон.

Интимност е поим кој многумина често го мешаат со сексуален однос. Од некоја причина, во нашите глави, да се биде интимен со некој, мора физички да бидеме блиски. Но, еве за што се работи.

Можете да стапите со некој во сексуални односи, а сепак да не сте вистински интимни. Бидејќи вистинската интимност нема никаква врска со допирањето на телата. Сите овие работи може да ги имате и со друга личност, а никогаш да не почувствувате вистинска присност со нив, додека не го отворите срцето и не го пуштите внатре.

Вистинската интимност е повеќе од допир. Интимност значи длабоко познавање и разбирање на другото човечко суштество. Тоа е уметност на поврзување со друга личност на така длабоко ниво, што чувствувате како да можете да ја видите и нивната душа.

Вистинската интимност ве ослободува од сите лаги, сите стравови и сите инхибиции. Кога сте интимни, вие потполно сте ‘изложени’ на другата личност и таа е ‘изложена’ на вас. Вие сте голи, но не во физичка смисла.

Интимноста е стварност. Тоа значи дека имате храброст на некој да му дадете до знаење дека таа личност е ваш цел свет. Со цело срце, го сакаме оној другиот. Сакаме да му ги покажеме сите свои бои. Знаете дека сте сигурни во прегратката на таа личност. Слободни сте да бидете она што сте. Слободни да правите она што чувствувате. И поради тоа вистинската интимност е навистина ретка. Посебно денес.

Таа не се случува по убавиот разговор на првиот состанок. Ниту во првите ‘медени’ месеци на врската. Бидејќи не се сите луѓе подеднакво храбри, а за вистинска интимност треба храброст. Треба многу повеќе време. Потребна е чиста, искрена, детска љубов, безусловна подршка, предаденост, верност и доверба. Мора да бидете подготвени да ги прифатите неговите мани, да го сакате со сите недостатоци, да ги простите грешките и да тргнете напред без оглед на се’.

Треба да бидете подготвени да учите од лекциите кои ве чекаат во животот и да го искористите за јакнење на вашиот однос. Да сакате да ја запознаете другата личност, гледајќи ја во душата. Да ги прифатите такви какви што се. Да бидете подготвени да сфатите дека секогаш можете да бидете блиски со некој, дури и ако сте различни. Да бидете ‘оголени’ во душата. Мора да бидете подготвени да бидете слободни.

А дали сте? Дали сте подготвени да ја отворите душата и да ја пуштите другата личност внатре?

Извор: uniqorner

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: