Како достоинствено да се излезе од расправија?

Расправии постојат. Токму тогаш може да се запознае човекот најдобро. Ако сте се скарале, тоа секако е непријатно. Но, имате единствена прилика до крај да сфатите, каков е тој човек во суштина. И што може да се очекува од него.

Ако, по расправија, човек не разговара со вас и не брза да се смирите – тоа е тажно. Но, тој апсолутно има право на своите чувства; и можеби не се смета за виновен. Или не е подготвен за извинување. Тој е лут на вас, навреден, не се јавува на телефон и не одговара на пораки…

Па, тоа е кавга.
Дури и ако човекот во лутина ви рекол: ‘Не ми пишувај и не се јавувај, се’ е готово меѓу нас! – ова е само половина од проблемот, сеуште има надеж за обнова на односот.

А најлошо е кога човек веднаш почнува да ве фрла во кал. Јавно. Пишува погрдни зборови на социјалните мрежи, објавува лични податоци.
На заедничките познаници или роднини им зборува интимни работи. Ги кажува сите тајни кои ги поделивте со нив. Не само да ве кара или да се жали на вас, туку објавува тајни.

Човек во потполност се открива во кавга. Се’ она што го има внатре во себе и своето вистинско лице. Ако го направил нешто многу непријатно, никогаш не му дозволувајте да ви се приближи и ако се извини и предложи да се смирите.

Можете да се смирите и да продолжите да комуницирате со оние кои молчат, се лутат, не одговараат на пораки, не се извинуваат и не прифаќаат извинувања. Тоа не е страшно.
Но, оние кои се отвораат по расправија, како отровен цвет, мора да бидете претпазливи.

И никогаш повеќе не ја откривајте душата, ако мора повторно да комуницирате со нив. Со таков човек можете да се ‘смирите’, да воспоставите дипломатските односи. Но, вистинска љубов и пријателство не може да биде.


Ана Кирјанова


Извор: https://lifedeeper.ru/post/2896-chelovek-sebja-pokazyvaet-v-ssore-mozhno-mnogoe-ponjat/

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading