Квалитетна жена никогаш не се согласува да биде нечија опција

Кога зад себе ќе оставите некој однос кој повеќе ве болеше отколку што ве правеше среќни, кога ќе се изгорите, разочарате, ќе бидете повредени а и вие ќе повредите некој, тогаш во своите раце имате полн куфер со искуство, пред се’ во меѓучовечките односи а потоа и во љубовните.

И тогаш повеќе не ви се играат игрици. Не калкулирате, не седите на пет- шест столици истовремено, не се обидувате да истерате правдина. Знаете што сакате и не сакате и не се натпреварувате за место во нечиј живот. А зошто тоа да го правите?

Зошто да се пикате во туѓ калап, кога знаете дека таму ќе ви биде тесно?

За што точно зборувам? Верувам дека барем еднаш сте сретнале личност која ви се допаѓала и со која сте посакувале да одите на состанок. Имавте желба подобро да ја запознаете, но веќе на самиот почеток сфативте дека сте само ‘една комбинација’ плус.

И можеби, ако бевте помлади тоа ќе беше предизвик, можеби ќе одлучевте да бидете личноста која ќе направи се’ да го освои тој некој. А можеби сте од оние како мене што одлучија дека никој не е вреден за тоа. Да се натпреварувате, да водите војни и да седите на маса со уште пет, шест, десет, додека некој избира со кој ќе биде.

Ако сте како јас, кога го забележувате тој образец, се оддалечувате, без вртење, бидејќи реално нема поради што да се свртите. Вие тука ништо немате, а најмалку однос.

Некој наивно ќе каже дека кај мажите тој образец на однесување е нормален, како и кај многу жени, да дејтуваат со неколку луѓе истовремено, па тогаш да ги елиминираат оние кои не им одговараат.

Океј. Стои. За некои луѓе тоа е нормално и на сите ни е тоа јасно. Но, како ќе запознаеш личност ако одиш со цел на кванитет а не квалитет? Мора да знаете дека никој не го осудувам, но личност сум која посакува во разни ситуации да запознае некој што е можно подобро и да откријам дали се привлекуваме на повисоко ниво, не само физички и дали е таа личност на која можам емотивно да и’ се отворам.

Некој ќе каже дека со време, после разочарувањето дуваме и на ладно, но мислам дека работата е во тоа да не се оголуваш пред некој, кој не е заинтересиран за тебе, посебно не долгорочно. На некој кој ‘вага’, кој повеќе му одговара и така ги третира луѓето, како опции.

Затоа ако тоа го почувствувате, слободно оддалечете се и тоа без објаснување, бидејќи таквата личност ионака не ја интересира како се чувствувате вие и што мислите. Таа само оди по линија на помал отпор.

Во љубовта, ќе речат многумина, ништа не е фер и луѓето со кои не сме во врска не ни должат објаснувања. И тоа стои, меѓутоа, зошто ние да се обидеме да градиме однос со некој кој седи на неколку столици истовремено и секогаш е на низок старт? Така се губи достоинството. А тоа не се исплаќа.

Понижувачко е, бидејќи јас не сум опција, јас сум единствен избор или продолжувам по својот пат. Без драми, без расправии, без било какви прашања за него. Неговите избори не ме интересираат.

Драги мажи, она што жените сакаат во односот е сигурност. И тука не мислам само на онаа материјалната. Мислам пред се на чувство на сигурност која ќе ја дадете кога ќе ве види. Дали ќе бидете тука за неа или ќе ја изиграте. Ако емотивно не се чувствува сигурно, зрело, со самодоверба, личност која знае што сака и колку вреди, ќе се сврти и ќе си замине, бидејќи добрината, емотивната и’ е на прво место.

На мажите на кои им е важно да играат топло- ладно игри, за неа се незрели мажи кои сеуште живеат низ своите трауми со кои не се занимаваат, туку бегаат од нив. Тоа е знак дека не се подготвени, туку ја префрлаат одговорноста на сопствената среќа на нејзините рамена. Таа треба да се забавува. А тоа не е нејзина задача. За својата среќа сме сами одговорни. Исто како и за своите трауми. Со нив треба да се соочиме за да можеме да отпуштиме и од тоа да излеземе подобри и посилни.

Мажите кои не се во состојба тоа да го направат, за квалитетната жена не се доволно добри. И тоа е фактот, ма колку некој да го навредуваш

Благодарам ама не- директно на таков полуоднос ќе каже жена која се почитува себе. И тоа е крај на приказната.

Марија

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: