Кога жената нема притисок во односот со партнерот, се смета дека е подготвена да му даде се’. Тој не ја гуши во нејзините намери и тоа таа знае да ги цени.
Можеби некогаш сте ја чуле фразата: ‘Заедно ни е добро, но и без тебе можам да живеам’. Ова можеби на прва се чини и по малку сурово. Како можеме да живееме без некој кој толку многу го сакаме?
Но, кога подобро ќе размислиме, токму тоа што ни е добро во односот, но и кога сме сами со себе, ни дава волја да останеме.
Денес зборуваме зошто жените се одлучуваат за развод кои се најчестите причини. Се смета дека на брак или врска не се гледа на ист начин, бидејќи се различни односите. Во врска ни се простени пеперутки во стомакот, ранливост, љубовна зависност. Меѓутоа, во брак треба да имаме јасни видици и трезен поглед на многу работи.
Во поголем број случаи жените се иницијатори за развод. Кога тоа ќе му го соопштите на партнерот, нивното прво прашање знае да биде ‘дали најде некој друг’? А зошто мислите дека тоа е единствена и основна причина? Еве пример:
‘Не заминав, зошто не те сакам. Заминав бидејќи покрај тебе се претворив во суштество кое е невозможно да се сака. Незабележително престанав да бидам самоуверена, убава, елегантна девојака. Станав хистерична, љубоморна и изгубена. Не те оставив, туку се оставив себе. Потполно непотребно и неволно. Не ми треба ова. Не сакам да ја оставам вистинската себе.
Значи жените најчесто ги оставаат своите партнери поради други мажи, афера, авантура и слично. Ова за нив се многу поважни работи, кои мажите многу ретко знаат да забележат, па затоа ќе бидат изненадени.
Слично констатира и мексиканската писателка Фрида Кало:
Не барам од тебе да ми се извинуваш кога мислам дека не си во право. Исто така, нема да барам да ме гушнеш кога ми е најпотребно. Не барам од тебе да ми зборуваш како сум убава, па макар и да е лага. Нема да барам од тебе да ме повикаш и да ми кажеш како го помина својот ден и да ми кажеш дека ти недостасувам.
Нема да барам од тебе да ме слушаш кога имам илјада приказни да ти раскажам. Нема да барам од тебе да направиш нешто за мене, нема да се обидувам да бидам засекогаш тука. Бидејќи ако треба да те барам за сето ова, тогаш не те посакувам. Ова е всушност и суштината на женската душа и она што таа е.
Жената е најчесто нежно и суптилно суштество на која и’ значат ситници. Ако нив не ги забележувате, тогаш ги губите жените покрај себе.
Leave a Reply