Само ретките ја гледаат тагата во вашата насмевка

Дали некогаш сте размислувале колку често ја криете својата тага зад насмевката? Дали некогаш се запрашавте дали знаете да ги цените луѓето кои ги имате покрај себе?

Дали некогаш ги залажувате луѓето околу себе, па ја криете својата болка со насмевка? Дали некогаш сте ја криеле својата лутина и бес кон луѓето кои ви се драги? Често се случува ако не ги криеме своите чувства и покажуваме кога сме тажни и нерасположени, тогаш луѓето мислат дека сме песимистични и негативни.

На никој всушност не му е грижа за туѓите чувства, тага и солзи. Затоа често се преправаме дека со нас е се’ во ред и кога не е и ставаме насмевка на своето лице за да ја скриеме тагата. Не сакаме да зборуваме за она што ве мачи за да не успее секогаш нешто да посакуваме.

Луѓето секогаш полесно ќе не’ прифатат ако сме среќни и насмеани. Ако сме лути на некој, нема смисла тоа да се покажува, бидејќи тоа може да ги уплаши другите, па дури и да се изгубат добрите пријатели. Затоа е понекогаш полесно да се насмееме и да се правиме дека е се’ во ред.

Меѓутоа постојат некои луѓе кои можат да препознаат што се наоѓа зад вашата насмевка. Една кинеска мудрост вели: ‘Ценете ги оние луѓе кои гледаат три работи во нас. Тага во насмевката, љубов во бесот и причината за вашето молчење. Тоа се многу важни луѓе и тие можат да се наречат ваши вистински пријатели.

Ако имате такви луѓе околу себе, ценете ги бидејќи се малку. Секогаш бидете искрени кон нив, верувајте им и почитувајте ги. Само со искреност и почитување можете да градите големи пријателства. Ценете такви луѓе по тоа како се однесуваат кон вас. Запомнете дека тие најдобро ве познаваат. Го разбираат вашето расположение и ја разбираат вашата тишина.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: