Годините немаат врска со зрелоста: што значи емотивно незрел маж?

Кога ќе се спомне незрела личност, луѓето најчесто мислат на деца и тинејџери. Да, младите во таа доба навистина не се зрели, нив тек ги очекува живот, а мораат да стекнат некое искуство. Но, тоа не значи дека токму сите возрасни поедници се зрели, затоа што се возрасни и имаа повеќе време да созреат и да стекнат искуство.

Факт е дека незрелоста не е само физичка, постои и ментална, емоционална незрелост. Постојат неколку знаци кои можат да ни помогнат да ја препознаеме емоционалната незрелост.

Од време на време секој од нас мора да се прилагоди на другите луѓе и некои ситуации во кои се наоѓаме и да се направат некои отстапки и компромиси. Понекогаш е неопходно да влезете во дијалог со некој, да разговарате, а се’ со цел да решите некој сериозен проблем.
Емоционално незрела личност ова не може да го направи. Тие повеќе сакаат некој да замолат да води тешки прговори и дијалози наместо него, бидејќи ќе му биде непријатно да го направи тоа. Исто така постои нешто што се нарекуваа ‘емоционален gaslighting’.

Во нашиот јазик немаме специфичен термин за тоа, но можеме тоа да го наречеме манипулација. Личноста која страда од недостаток на емоционална зрелост ќе се обиде да ги натера луѓето околу себе да помислат дека нешто не е во ред со нив. Таа личност не е во состојба да сочувствува.

Емотивно незрел поединец често ќе го пика својот нос во туѓи работи, ќе дава совети кој никој не ги побарал од нив и ќе смета дека е потплно правилно да влегува во туѓи животи кога ќе посака. Таквата личност нема никогаш да успее да процени дека е наметлива и дека всушност ги нервира сите околу себе.

Таквата личност ќе биде заокупирана со разни теми и ќе му се причинува дека сите сакаат да му замерат, да му направат зло. Во тие свои мисли, емотивно незрелата личност почнува да се брани од луѓето и така ги расипува односите, бидејќи престанува да ги слуша и оние кои се добронамерни и благонаклони кон него.

Отворање кон било кој преставува опасност за емоционално незрела личност. Тие се потполно неподготвени да покажат било каква ранливост. Поради тоа ќе се јавуваат одредени проблеми со довербата. Емоционално незрелата личност ќе ги сфати другите како непријатели.

Таа нема да ги покажува своите емоции, ќе биде внимателна и затворена. Ова се знаци кои укажуваат на тоа дека личноста, иако физички е возрасна, сеуште ја нема достигнато зрелоста. За човек.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: