Најголема заблуда е да верувате дека бракот е засекогаш- кога вашиот брак е пред пропаѓање?

Одржување на квалитетен брак во денешно време како да станува се’ потешко. Има многу препреки, предизвици и работи кои треба успешно да се совладаат.

Многу луѓе на бракот гледаат како на ‘Засекогаш’ и тоа треба да биде поентата на заветот. Меѓутоа, целосна доверба на тој збор и траењето на истата станува се’ потешко.

1. Вашата комуникација е се’ поповршна и се’ помалку се комуницира и тоа е првиот чекор кој води кон завршување на еден однос. Комуникацијата ако се воспостави е површна е и се сведува на секојдневни прашања. Се’ помалку се слуша искреното прашање :’Како си, како ти помина денот?’ Се чувствувате како странци кои немаат за што да разговараат.

2. Повеќе време му посветувате на други работи. Речиси се’ станува поважно од односот со партнерот. Во состојба сте своето слободно време да го поминете на телефон, отколку заедно. Подобро се чувствувате сами, отколку во друштво на партнерот. Тоа исто така станува јасен показател во која фаза дојде вашиот однос.

3. Партнерот повеќе не ви е приоритет. Почнувате повеќе да се дружите со други луѓе. Работата почнува да ви биде поважна од се’ она што може да ви годи во бракот. Секако, партнерите кои се подготвени искрено да разговараат и да изнесат како се чувствуваат, имаат можност овие проблеми да ги решат и да го освежат својот брак.

Понекогаш е само потребен искрен рзговор за да се решат некои работи. Понекогаш бракот може да се најде во некоја друга фаза, од која може да се врати. Можеби е најважно да знаете дека сте партнер и вие да дадете се’ од себе, каков и да биде крајот.

Ако се вратите еден на друг растеретени и исполнети после тешката фаза, вашиот однос ќе биде само подобар. Ако не гледате понатамошна перспектива, а знаете дека сте дале се’ од себе, исто така ќе имате прилика да се чувствувате добро.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: