Да те сретнев некаде, ќе ти кажев многу работи. И да знам дека нема гордо да ги превртиш очите, да ми мафнеш со раката и сеедно да си правиш по свое- ќе ти кажев многу зборови.
Повеќе да се смееш, а помалку да плачеш.
Малку да подразбираш, а повеќе да бараш.
Помалку да трпиш.
Помалку да се лутиш, бидејќи од тоа подоцна ќе ти се направат брчки кои ќе те потсетат на сите ѓубрина кои успеа да ги голтнеш.
Да можам да те видам и уште да можеме да разговараме како некогаш, ќе ти кажев немој. Немој ништо што не сакаш. Немој ништо што мора. Немој ништо што не е убаво. Немој да го бираш тоа за себе, бидејќи тие грди работи веќе илјада пати ги избра.
Ќе ти кажев- трчај. Не се враќај назад.
Ќе ти кажев слушај она што ти зборува оној мал глас во тебе.
Ќе ти кажев дека заслужи повеќе. И дека некогаш требаше повеќе.
Ќе ти кажев пушти. Немој.
Не поправај. Пријателства, љубов и чевли.
Не го врти другиот образ.
Не простувај толку многу.
Не се ранувај самата.
Не се извинувај што чувствуваш. Што плачеше. Што беше слаба.
Не се извинувај што не можеш.
Не се туркај до граници на издржливост.
Не мораше се’ сама.
Не форсирај.
Не барај оправдувања за туѓи грубости.
Не барај никој кој ќе те сака за да ти даде смисла. Биди своја смисла.
Не се чувствувај лошо поради нешто поради кое беше добро. Никогаш.
Не дозволувај другите да ти ја одередуваат вредноста.
Чесноста.
Љуби кога ти се љуби и сакај ги оние поради се чувствуваш подобро. Макар тоа било на ден или пет.
Немој никогаш да се смалуваш за да на некој друг да му биде таман.
Да можат да те видат и да знам дека ќе слушаш, ќе ти кажев толку многу.
Биди попаметна. Биди похрабра. поистрајна. Не мора на се’ да му дадеш смисла. Не се плаши од темница. Не се плаши од својата темница бидејќи во тебе има многу темнина.
Подобро бирај ги пријателите, а некои чувај ги подобро.
Не примај на срце туѓи ѓубрина.
Не му должиш на никој ништо. И не си ничија сопственост.
Ќе ти кажев да го живееш животот поопуштено. Да не се вклопуваш таму каде што не сакаш да бидеш.
Да не ги трупаш емоциите во себе.
Да не се менуваш поради никој.
И најблиските немаат потполно право на тебе.
Ќе ти кажев малку повеќе да живееш како што сакаш, а помалку како што навикна.
Leave a Reply