Не се плаши да се омажиш малку подоцна- Подобро сама отколку со погрешен човек

Веројатно сте чуле коментари од вашите најблиски: ‘Таа се омажи на 25 години и има две деца, ти ќе наполниш 30, а немаш ниту дечко, што чекаш, не мислиш дека е време?’

Вакви и слични прашања знаат да се шират во недоглед и навистина се невкусни. Често ваквите коментари се најсилни на некои семејни собири и од страна на роднините и пријателите. Поголемиот број исто така смета дека прво оди мажачка, па едно дете, па друго дете. Поточно и кога ќе исполните нечии ‘правилни параметри’ веднаш следат нови прашања.

Едноставно, таквите луѓе речиси и не се откажуваат. Кога ќе се најдете во ваква ситуација, која знае да биде навистина непријатна, важно е да не се навредите и да знаете дека сами бирате како својот живот ќе го живеете и кога и што ќе остварите. Животот не е трка и не постои никакви строги правила кога и што мора да направите.

Само е ваша лична работа дали ќе се омажите, родите дете, едно или повеќе, во брачна или вонбрачна заедница. Важно е да знаете дека единствено ако се брзате, можете да изгубите. Според тоа, слушајте се себе и своето чувство.

Не дозволете другите да прават притисок над вас и вашите одлуки и да правите нешто само за да ги задоволите другите и да одите ‘во чекор со времето’. Ослободете се од стравот дека ќе бидете сами и не се задоволувајте со помалку од она што заслужувате.

Знајте дека е подобро да бидете сами, отколку со погрешен човек. На тој начин можете да бидете несреќни. Знајте дека заслужувате само и исклучиво искрена љубов, а не исфорсиран однос. Бирајте некој покрај кој ќе се чувствувате сакано и сигурно. Сами бирајте време и кога сте подготвени.

Било да имате 20 или 40 години, одлуката е ваша. Единствено е важно да се венчате за вистинската личност, односно личност за која сметате дека е за вас. Коментарите на другите луѓе слушајте ги, вашите блиски почитувајте ги, но прво потпрете се на вашите чувства и желби.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: