После пораз

Мислев дека ќе умрам. Подоцна сфатив дека човекот така се чувствува кога душата го боли. Тоа е една посебна врста на болка и страдање. Сосем единствена. Ми се чини дека е полоша од физичката болка. Од неколку причини. Прво, бидејќи нема лек. Еве пробајте да му се пожалите на својот лекар дека ве боли душата. Што ќе ви препише? Второ душевната болка се зголемува, дури и предизвикува физичка болка. Трето, опоравувањето на душата трае подолго од секоја друга повреда.

Го знаев сето тоа, кога мојот животен неуспех, по неколку години тешка работа, потполно ме скрши. Долго траеше мојата борба за успех. Со години. Не се откажав, со надеж дека еднаш ќе дојдам до целта каде што ќе ме дочекаат насмевки со честитики и ловорики. Огномет најмалку. Ништо од тоа не ме дочека. По сите тие маки, труд, работа, верување, упорност, издржливост, после се’- ништо.

Напротив. Предавство, изневерување, неразбирање, уште поголеми препреки…Пораз, целосен пораз.

Не можев дури ниту да се обидам самата себе да се залажам, да се утешам со лажана надеж. Ништо повеќе не можев. Само да признам пораз. Се растегав уште некое време, уште некој месец, што од сегашна точака беше голема грешка. Но, морав, не сум лузер. Всушност, не’ учеа нас дека мора понатаму, не смееме да ги покажуваме емоциите, да не дозволиме да не’ контрололираат, да не бидеме слаби и да се предадеме.

Во еден момент, конечно интуицијата ми покажа дека треба се’ да пуштам. Така и беше. Никогаш ништо попаметно во животот не направив. Во потполност се предадов. Паднав. Мртва. Убиена. И тогаш лежев и лежев на подот, во рани, полусвесна. По некој ќе забележеше дека не ми е добро. Ме прашуваа, како јас како вечен оптимист, не можам да се подигнам, побргу, порано. Како тоа јас тешко поднесувам пораз.

Не треба побргу, не треба подобро, не треба похрабро. Раните се лечат трпеливо и пополека. Не само што во таквите моментите не треба да се борите, туку треба да им се дозволи на оние тешки, одвратни, убиствени емоции да не’ удираат. Неуспехот од себе влечи опасна армија на негативни чувства. Само по себе треба лесно да се поднеси. Сфаќаш дека само не успеа во некој обид и треба да продолжиш понатаму, во нов обид.

Но не, поразот ќе ти се напика во главата и чувството на неадекватност, безвредност, лутина. Мислиш дека животот не е фер, мислиш дека тоа не го заслужи, мислиш дека си најлош на светот. Лузер, неспособен, баксуз. Уште ако новиот пораз е еден во низата од многуте, нема крај на парадата на мачни сомнежи и страв.

Не ме разбирајте погрешно. Животот околу мене се одвиваше нормално. И понатаму морав да бидам мајка, сопруга, пријател, волонтер. И понатаму секој ден ставав ручек на маса, перев, пеглав. Тоа што доживеав неуспех не ми даде за право да се ставам на пауза на цел свој живот. Но, ми даде за право чесно да го одболедувам, тоа што ме мачи. Да ги пуштам сите тие емоции да поминат низ мене со својата силина, да ги покажат забите. Не им дозволив да имаат контрола над мене, но ги погледав во очи и согледав се’ што со себе носам.

Смирете го вашиот живот кога ќе ве напика во некое ќоше. Понекогаш треба квалитетно да знаете кога да ги кренете рацете. Пуштите ја секоја емоција да помине низ вас. И онаа во која уживате и онаа која силно ве мачи. Почекајте тоа невреме да помине. Тогаш причекајте уште некое време, со љубов и со трпение, за да го слушнете своето опоравување на душата која ви дава следни упаства. Не се жалете. Од таа силна приказна нема да го слушнете, тој тивок, нежен шепот, на охрабрената душа.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: