Најпривлечна за мажите е жената која се сака себе таква како што е: 3 особини на идеалната жена

Постојат некои особини на жените поради кои мажите се залудени од нив и имаат потреба да се потрудат да ги освојат. Ако сте моментално во фаза кога посебно се трудите натерате маж да се вљуби во вас и да ви се воодушеви, а ако таа борба не оди баш најдобро, тогаш прочитајте ги овие редови. Постојат три чудни особини кои ќе го натераат мажот да трча по вас.

1. Жената која е среќна и задоволна со себе и со својот самачки живот. Ова на прва може да ви звучи по малку нелогично и чудно, бидејќи на состанок одите за да ја надминете самотијата и да пронајдете добар партнер за себе, партнер со кој ќе изградите цврста врска, која во некој момент ќе прерасне во брак. Кога ќе почнете да излегувате со маж, на нив делува вашата енергија и тие всушност го ценат чувството и вибрација која ја делите со нив.

Затоа ако не сте задоволни сами со себе и со својот моментален самачки живот тоа едноставно може да биде одбојно. Не е дури ниту потребно на глас да зборувате дека многу ви е потребен некој да ве исполни, тие мисли и енергија кои тие ги праќаат, се чувствуваат. Во реалноста врска не е потребна за среќа. Мора да научите да бидете задоволни сами со себе, за да може врската, а подоцна и бракот, само да биде шлаг на торта.

2. Втората особина не е пологична од првата, но ќе влијае на мажите. Можеби од секогаш сте мислеле дека мажите најмногу се привлечени од лепотици со убаво лице и многу љубезно одговараат потврдно на се’што се бара од нив.

Ако верувавте во ова и живеевте во согласност со оваа теорија- живеете во заблуда. Тип на жена која им се допаѓа на мажите, која го предизвикува не само емоционално и физички, туку и на духовно ниво, е жена која не се плаши да ги каже своите ставови и да го брани својот став. Тоа е ново и освежувачки и привлекува мажи. Жените кои не се плашат да одговарат и на оштри примедби и жените кои зрачат со самодовербата се типови на жена кои мажите ги привлекуваат.

3. Последната особина поради која мажите трчаат по вас е мистерија. Еден од најдобрите начини некој да се заинтересира за вас е да му оставите малку простор за мистерија, за непознато. Не му се откривајте за се’. Тоа не значи дека не треба да бидете искрени, но едноставно не дозволувајте одеднаш се’ да дознае за вас. Дозволете му на мажот да мисли за вас и да ја истражува вашата личност.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading