Животот со себичен маж е како да имате се’, а немате ништо

Дали некогаш сте помислиле дека вашиот партнер е себичен? Бев во таква врска. После некое време сфатив дека сум во врска со себичен човек и дека треба порано да си одам.

Бев во многу силна токсична врска, многу знаци на предупредување, но јас сето тоа го игнорирав и се фокусирав само на неговите позитивни особини. Беше многу харизматичен и духовит, секогаш ги засмејуваше сите околу себе и беше многу интелигентен, но кон мене се однесуваше многу лошо.

Секогаш зборуваше без престан, не можев до збор да дојдам. Ако нешто и успеав да кажам тој беше полн со бес и постојано ми се потсмеваше. Еве како да си помогнете, да препознаете ваков манипулатор.

1. Сите обврски се на вас, тој апсолутно одбива да направи било што.

2. Во вашата врска односот е едностран- вие давате, а тој само зема. Тој неповратно ве исцрпува.

3. Изговори. Заборава роденден, заборава договор кој го имавте. И за се’ секогаш има изговор.

4. Не е подготвен на било какви промени, одбива да се промени.

5. Кон тебе не се однесува пристојно, дури понекогаш покажува голема доза на непочитување.

6. Секогаш зборува исклучиво за себе.

7. Во вашата врска тој е личноста која ги диктира правилата. А правилата има премногу.

8. Не покажува никакво интересирање за тебе и твоите активности. Не го интересира како го помина денот и како се чувствуваш.

9. Сите ваши договори да се видите завршуваат така што тој прави план кој само нему му одговара.

10. Се’ контролира.

11. Ја искажува својата загриженост поради твојот изглед, постојано дофрла многу коментари.

12. Никогаш нема да те слуша, туку зборува додека ти зборуваш.

13. Ги отфрла твоите чувства. Ако си ти радосна, а тој има лош ден, во состојба е да направи било што само да го расипе твоето расположение.

14. Најчесто бира време насамо, отколку со тебе.

15. Себичен е љубовник, се грижи само за себе.

16. Никогаш нема прв да се извини.

17. Ќе биде во врска само ако тоа нему му одговара.

18. Се нервира поради ситници. Никогаш не сте доволно добри.

19. Во вашата врска тој е број еден. Себеси секогаш се става на врвот на листата на приоритети.

20. Ако не го интересира темата за која зборувате ќе ја промени.

21. Не го почитува твоето време. Секогаш те тера да го чекаш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: