Колку и да е силен, секогаш на мажот му треба женска поддршка

Поентата на љубовта е среќата. Кога партнерот се чувствува среќен, тоа е посебна емоција. Овој текст е посветен на жените, но и мажите можат да пронајдат интересни работи поврзани со нив. Било да сте во врска или брак, постојат три правила кои ќе ви помогнат да го направите среќен вашиот маж.

1. Не се обидувајте постојано да бидете победник. Нема потреба да го наметнувате својот став на агресивен начин, ниту пак во секоја ситуација вие да излезете како победник. Жените често мислат дека попуштаат, дека ќе испаднат глупи или лоши. Па кога ќе згрешат, не се подготвени тоа да го признаат. Нема потреба од тоа. Добар однос е оној во кој не се обидувате да победите, ниту така да гледате на тоа.

2. Поддржете ги неговите интересирања и хоби. Кога вашиот маж има некое интересирање или хоби, не гледајте на тоа површно. За нив е многу тешко кога немаат ваша поддршка, иако тешко ќе признаат. Прашајте ги што прават, како нешто им оди, дали го исполнува? Тој ќе биде среќен ако има поддршка од својата жена. Посебно ако сака да заработи дополнително за семејството. Знајте дека е ова важен дел од вашиот однос. Потребно е секој да има свое време, но ако видите дека некој нешто посебно го исполнува, бидете поддршка.

3. Взаемна помош. Иако помошта повеќе се постигнува од страна на мажот кон жените, тоа не значи дека мора да биде така. Мажот се чувствува посреќен и исполнет кога може да ви помогне, но исто така кога ќе види дека и вие сакате нему да му помогнете колку што можете.

Исто таак, кога ќе сретнете одредена препрека или проблем бидете и вие силни и не очекувајте дека секогаш мажот треба да биде тој ‘силниот’. Така ќе знае дека покрај себе има силна жена, која не очекува се’ од него. Да знаете кога и како треба да реагирате, па ќе имете среќен маж покрај себе.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: