Од машки агол: Нема да не’ смените, само можете да не’ прифатите какви што сме

Кај многумина владее мислење како мажите се подготвени да се менуваат поради својата жена. И всушност, жените се тие кои повеќе бараат промени во однос на мажите. Мажите често ќе кажат став или подобро речено желба да бидат прифатени такви какви што се. Нивната партнерка да ги сака и со искинати чорапи, со стомак, а понекогаш и без пари. Но, исто така сметаат дека таа желба е тешко остварлива.

Мажите не сакаат кога жената е незадоволна. Но, секогаш причината не ги погаѓа, туку само затоа што нив ги ‘гуши’. На пример, жената ќе му каже на мажот: ‘Не ми одговара што не излегуваме , што сме постојано дома’, или ‘Би сакала да живеам поинаку, да не ги стегам многу парите’.

Мажите на тоа најчесто одговараат: ‘Тоа сум јас, не сакам многу да излегувам’ или ‘Засега е така и вака заработувам, ако можеш прилагоди се…ако не…знаеш’. Всушност одговорите даваат до знаење дека одлуката е на жената.

Ако не и’ се допаѓа, промени нема, може само сама да ја направи со раскинување на тој однос. Меѓутоа, мажите повеќе ќе кажат дека тие овде не покажуваат расипнички став, туку едноставно сакаат во длабочината на душата да бидат прифатени онакви какви што се. И да биде така сакан, без примедби и проблеми. Но, исто така смета дека ваква врска е осудена на пропаст. Жената тешко ќе прифати ваков одговор и ќе продолжи понатаму како ништо да не се случило.

Кога жената е незадоволнаа, тешко може тоа да не го покаже и подготвена е постојано да се враќа на проблемот, а тогаш тоа не е квалитетна врска. Вистинската состојба и карактерот на мажот може единствено во потполност да го прифати само неговата мајка.

Мажот кој ќе каже:’Сакај ме каков што сум или барај друг’ всушност е во пасивна положба и бара прифаќање. Кога следи женслката тактика, тоа знае да биде многу непријатно. Всушност, таа ја руши илузијата која до тогаш ја имала.

На крајот за да бидат односите успешни можеби е најдобро заедничко прифаќање и искрен разговор на самиот почеток. Секој е среќен малку поинаку. Ако забележите дека личноста покрај вас не сака да излегува, а вие сте комуникативни, тоа решете го на почеток.

Тоа ќе биде добро за двајцата. Никој не е должен да се менува поради некој, но ако се случи тоа, важно е и двата партнери да бидат задоволни. Така да, кога мажите не сакаат да се менуваат поради жената, всушност најчесто бараат само прифаќање. Или едноставно, навистина сакаат да живеат по свое, па на кој ќе му се допадне. Тој нема да се менува. Тогаш не гледа на резултатот на односот, туку на себе.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: