Што да направите ако партнерот се допишува со други жени/ мажи?

Кога сте во позиција да не знаете што да мислите за одредена ситуација, во главата може да се случи вистинска конфузија. Добрата проценка во тој момент и не е баш на вашата страна. Еве една вистинска приказна, која можеби ќе ви помогне.

Имено, пред некој ден мојата пријателка откри дека нејзиниот партнер се допишува со својата стара љубов од средно училиште. Имаа годишнина од матура. И тогаш веројатно се’ почна. Сосем случајно откриени пораки, поставуваа илјада и едно прашање. На прашањето за што се работи, партнерот одговори дека така сите меѓуусебно комуницираат. Но, кога подобро погледна, тие двајцата преминаа и на личен чет да се допишуваат.

Таа жена при тоа е омажена и има дете. И почнуваат прашањата за нејзината улога во животот нивни заеднички. Како правилно да се размислува? Дали претерува или е премногу либерална? Едноставно, се најде во позиција да не знае што да мисли за ситуацијата која и’ се случи. Всушност, кој да го праша за мислење и од кој да бара совет?

Дали некогаш сте се нашле во слична ситуација и каков совет би му дале на некој? Кога подобро ќе се размисли, тешко е да се даде правилна проценка. Прво, во туѓ однос е неблагодарно да се меша, а друго ниту вие не можете да донесете одредена проценка, бидејќи не знаете точно што мислите.

Она што единствено можете да процените кај личноста која на овој начин ви се доверува е дека нејзината психичка состојба е разнишана. Забележувате дека личноста се чувствува лошо и тоа е тоа што можете да процените. Всушност нејзината состојба треба најмногу да ја загрижи нејзиниот партнер.

И тука можеби се наоѓа одговорот. Ако тој забележа дека на девојката не и’ се допаѓа допишувањето, веднаш ќе го прекине. Бидејќи едноставно ја сака и ја почитува неа и нејзиното мислење. Ако тој е навистина нејзин, тогаш тој нема да ја вознемирува. Ако продолжи понатаму, тогаш тоа е лош знак.

Всушност, можеби одговорот на ситуацијата е токму во неговата реакција. И врз основа на неа може да се знае на што е нивниот однос. Се’ на се’, било какво лошо чувство во врската бара искрен разговор. Она што е најважно е дека во врска не треба да се чувствувате лошо. Ако немате такви чувства, тој не нуди искрен разговор и одговори, гледајте ја неговата реакција на поставеното прашање, можеби тој детал ќе ви открие колку сте му важни.

Маја

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: