Ако жената не е самодоволна и ако нема доволно почитување кон себе- мажите тоа го набљудуваат како црвено знаме.
Кога жената ќе биде оставена во неа се јавува чувство на очај, па поради тоа ќе направи разни глупости за да го врати мажот. Но, тие не паѓаат на очај, а многу жени токму на таа карта играат. Дури и ако почувствува малку очај во вашето однесување, во него се буди желба да си замине.
Мажите всушност се плашат од такво однесување. Се плашат дека цело време ќе ја носат ‘на душа’ жена која не е доволно психички стабилна или нема гордост да држи до себе и има цврст став. Покажување на очај е покажување на слабост. И тоа најповеќе се покажува во ситуации кога ќе дојде до раскинување. Во тие ситуации никој не треба да ја покаже својата очајна страна. Дури и ако многу се плашите да го изгубите и ако сметате дека нешто мора да направите за да покажете дека ви е важен- немојте.
Зборувајте како возрасна жена, кажете му колку ви е важен и колку го сакате. Но не инсистирајте на очајни повици. Не се јавувајте ако ви рекол да не се јавувате, не го молете да се најдете ако рекол дека сака да биде сам или дека не сака да ве види.
Повеќе желбите ќе ви се остварат ако го пуштите на мира и ако се однесувате како да не размислувате за него. Бидејќи мажите се такви- сакаат да одат по оној што ги игнорира, а да бегаат од она што ги брка нив. Однесувајте се како да сте добар лов и само така ќе ве добие ‘добар ловец’.
Leave a Reply