Вашата пријателка е љубоморна на вас?

Животот е полн со предизвици кои е полесно да се надминат ако имате здрави односи. За жал, денес е лесно да се падне во стапицата на споредување и несигурност, посебно со нашите најблиски пријатели. Што да се направи ако во животот имате љубоморен пријател кој ве игнорира кога ќе ви тргне на подобро или му смета вашата среќа и успех?

Знаци на љубомора

Љубомората најчесто почнува од она што е кажано на глас. Најран знак на љубомора е обично тој кога вашиот пријател се повлекува кога ви оди добро во животот. Можеби ќе ги игнорира вашите убави вести или многу бргу ќе ја смени темата кога за тоа се зборува. Подоцна таа се развива, кога ќе забележите неискрени комплименти и пасивно-агресивни испади кои ве прогонуваат со недели, често испорачани на суптилен начин поради кои не знаете да им се спротиставите.

Другиот показател е дека секој пат кога ќе го споменте својот успех, тие инсистираат на коментирање на своите подвизи.

Како да се одговори на љубомора?

Најчест совет е исцрпна комуникација за да се чувствувате помирно ако вашиот однос заврши. Имено, тогаш ќе знаете дека дадовте се’ од себе да го спасите односот. Разбирањето е суштината на складните односи па важно е да се биде јасен и одлучен околу она што сакате да постигнете пред да се соочите со однесување кое ве вознемирува. На тој начин ќе влезете во разговор со одредени цели на умот.

Со љубоморните пријатели мора да бидете јасни околу своите граници и начинот на кој сте ја почувствувале манипулацијата. Дури тогаш можете да отворите сигурна, делотворна комуникација со таа личност.

Ако вашиот пријател одбива да ја смири неговата љубомора, можеби е време да престанете да се дружите. Луѓето кои се љубоморни на токсичен начин водат евиденција за непријатностите и сакаат да мафтаат со нив кога се чувствуваат инфериорно. Постојано се фрик поради вашите добри вести, но можат да ја нападнат и вашата личност. А кога ќе се соочите со нив доаѓа до понатамошно навредување и манипулација и тврдоглаво одбивање на признавање на вината.

Некој кој искрено ве поддржува, нема желба да ве прикаже во негативно светло и секогаш ќе ги слушаат вашите грижи со почитување. Ако некој сака свесно да ги засени вашите достигнувања, репутација или самодоверба и се обидува да ве манипулира кога ќе им укажете на такво однесување, време е да го испратите од својот живот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: