Дали тој флертува со мене? 12 знаци кои ќе ја откријат вистината

Флертот е важен дел од развојот на односите. Кога размислувате за кокетирање, веднаш замислете пар кој си дава извонредна количина на внимание еден на друг. Во зависност на нивните мотиви, намерата треба да е очигледна. Но, денес е многу тешко да се процени дали некој флертува со вас или не.

Ако сакате да знаете дали некој флертувал со вас, мора да знаете што е всушност тоа. Флерт е начин луѓето да проценат атракција. Тоа е начин да ја искажете својата намера, било да е тоа нешто романтично или сексуално.

Жените флертуваат со покажување на женските физички особини. Затоа е телото главен приоритет кога се подготвуваат за состанок. Мажите од друга страна, повеќе се грижат како да го смират умот и телото, за да сиот муабет биде романтичен, а не повик на секс. Тие се трудат да бидат упорни и импресивни.

Еве ги начините на кои мажите флертуваат. Но, запомнете овие се само смерници… Не гарантираат секогаш успех во проценката.

1. Премногу се доближува додека зборуваш. Секогаш кога маж флертува, а вие во тој момент зборувате, ќе се потруди многу опасно да ви се доближи со телото.

2. Воспоставува контакт со очите. Луѓето кои сакаат да знаете дека им се допаѓате ќе се обидат тоа да ви го кажат со нивните очи. Така цело време ви праќаат порака со начинот на кој ве гледаат.

3. Ви ги допира суптилно рацете или грбот. Мажот ќе користи изговори за ‘невино’ да ве допре. Ако тоа ви годи, дозволете му да ве шармира.

4. Ви поставува прашања за вас. Тој се обидува да научи нешто за вас. Поставувајќи ви прашања покажува интерес за вас и се подготвува за следната средба.

5. Тој ви зборува работи кои можат да ве импресионираат. Освен што се распрашува за вас, сака да знаете за неговите животни постигнувања. Сака да знаете дека вреди и дека е вреден за вашето време.

6. Ве прашува дали се гледате со некој. Не е потребно објаснување.

7. Се обидува да ве насмее. Многу од мажите знаат дека жените обожаваат мажи со смисла за хумор.

8. Ви доделува многу комплименти. Секој маж знае дека не треба да се фокусира само на физичките појави туку треба и тактички да ја пофалат жената.

9. Тој ви се обраќа со вашето име. Тука е моќта во познавањето и тоа почнува со користење на нечие име на редовна основа. Кога човек во разговор често го користи вашето име, тоа значи дека сака да воспостави врска.

10. Тој се приближува во вашиот личен простор. Тоа е еден од доминантните аспекти на машкиот флерт. Речиси е исто како и означување на нивната територија. Не се грижете. Не е така лошо како што звучи.

11. Се обидува подолго да разговара за да ви остави впечаток. Не им замерувајте многу, веројатно се прилично нервозни.

12. Паун. Не им замерувајте за начинот на кој се преставуваат. Тоа е кога мажите носат невидени работи на себе само за да привлечат девојка. Ги шири рамењата, ја поткрева брадата, само за да привлечат внимание.

Мажите не знаат секогаш што им се случува во главата кога флертуваат. Колку и да сакате да флертувате на вистински начин, тие најчесто стануваат глупи, ама ‘сјајни’ се во тоа. Па затоа и ги сакате зарем не?

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: