Емотивната зависност е најопасна: За да го сочувате достоинството и среќата, некоја врата е најдобро да се затвори засекогаш

Љубовта е убава, но никако не смее да биде изговор за газење преку сопственото достоинство.

Дали ви е позната онаа состојба на страдање по прекинување на врската? Исто се случува и кога ќе се обидеме да прекинеме некоја лоша врска, но не се осудуваме да пресечеме, па тоа се претвора во вистинска агонија.

Кога нема да ја треснете вртата еднаш засекогаш туку ја оставате полуотворена, надевајќи се дека работите ќе се поправат, тоа е исто како да шетате со отворена рана не правејќи ништо да се зацели.

Кога си одите од некој, тогаш тоа направете го еднаш засекогаш, во спротивно само правите агонија и го продолжувате периодот на страдање.

Заминувањето значи да се има доволно храброст и љубов кон себе. Прекинувањето на лошиот однос е подобра опција од останувањето во такво токсично опкружување. Понекогаш е подобро да се биде сам, отколку со некој само за да имате партнер. Понекогаш се случува дека не сме во состојба да ја согледаме реалната ситуација, како дека врската ни ја нарушува самопочитта и среќата.

Емотивната зависност уништува се’, вклучувајќи ја и сопствената зависност. Се работи за почитување, љубов и грижа за себе. Во ред е да се сака некој, но понекогаш се даваме премногу. Фразите како: ‘Те сакам повеќе од себе’, можат да бидат деструктивни за срцето.

Кога сме емотивно зависни, кога не се сакаме себе, тогаш стануваме марионети на токсични односи и од партнерот.

Зошто остануваме во токсични врски?

Се случува луѓето кои ќе се најдат во токсични врски да не се подготвени да се соочат со проблемите и последиците од радикални одлуки, па затоа бираат да останат во лоши врски само да не бидат сами. Неподготвеност на решавање на проблемите е всушност негирање.

Осаменост тага, копнеж, признавање на љубовта, не е изговор за се’ што сте доживеале, неизбежни се последици кои се потребни да ги искористите за да продолжите понатаму. Затоа некои луѓе, наместо да развијат самољубие, остануваат во тешки односи кои им штетат на нивниот душевен мир. Полесно име да трпат емотивна болка, отколку да треснат со врата и да прекинат односи кои им прават многу штета.

Полуотворена врата прави да останете зависни и потполно слепи за сите проблеми. За излез од токсичните односи потребни се радикални одлуки. Не се плашете да треснете со врата кога си заминувате, бидејќи еднаш кога ќе одлучите да заминете, ќе научите и да станете многу посилни и ќе станете многу силна личност која се цени себе, а тоа е најважно.

извор: Stil

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading