Од машки агол: 4 лекции кои ги научив за врските

Се сакам само себе

Морам да признам дека не ми беше мило кога сфатив дека мојата бивша престана да ги чита моите текстови. Тоа го работам и тоа ми е важно, но таа тоа не го прати, значи не ја интересира што работам. Значи не ја интересира што сакам да кажам. Не ја интересирам. А тоа значи дека не ме сака?

Да, знам дека сите сакаме да им бидеме интересни на луѓето кои ги сакаме, но многу е поважно себеси да си бидеме важни. Рескирам да бидам патетичен, ама едноставно е така: прво треба да се засакате себеси. Ако планирате да сакате, мора прво себеси да се засакате, да се гледате преку розеви наочари, како што на почеток ја гледате жената во која се вљубивте. Мора да ги сакате своите доблести, но и да ги прифатите маните. Се’ она што сте вие. И паметни и добри и присутни и сочувствителни и подготвени да помогнете. Но, понекогаш и мрзливи, несигурни, некомуникативни. И не мора поради тоа да се казнувате. А уште помалку да мислите дека сте полоши од другите.

No bullshit rules

Манипулацијата не е нужно лоша- понекогаш манипулираме со луѓето за нивно добро. Но, во поголемиот број случаи тоа го правиме за да добиеме она што посакуваме, за да ги наведеме на реакција која ни оди во корист. Не дозволувајте некој да управува со вас. Што тоа всушност значи? Едноставно престанете да реагирате на манипулацијата на партнерот, не правете нешто само затоа што некој тоа од вас го очекува.

Манипулацијата има различни лица: Може да биде суптилна, може да биде пасивно- агресивна, може да се чини како да е само лоша идеја. Но ако чувствувате дека од вас се бара невозможно, не го правете тоа. Подобро е да седнете со партнерот и да го расчистите тоа. И не заборавајте дека и вие манипулирате со другите. Мене ми требаше многу долго за да сфатам дека сум и јас тој некој кој со манипулација се обидувам да управувам со партнерката.

Мислите дека не сте ‘такви’ дека сте ‘good guy’ ама не сте. Никој од нас не е имун на тој алат со кој добиваме нешто што сакаме. Едноставно е така, учевме од најдобрите – од своите родители. И видовме дека функционира.. Препознајте ја манипулацијата и својата и на партнерот и решете го проблемот.

Ништо јас не морам

Уште еден сигурен убиец на здрава врска е она чувство дека нешто мора, дека нешто се очекува од вас. Бидејќи тоа е ‘едноставно така’. Така тоа се прави. И забрането е воопшто да размислувате да направите нешто на свој начин, поинаку. Повторувајте по мене: ‘Не морам ништо. Не морам ништо. Не морам ништо’. Ме разбравте?

Прекрасно, бидејќи навистина не мора ништо. Ако нешто ви се допаѓа, продолжете тоа да го правите. Ако не ви се допаѓа, кажете му го тоа на својот партнер. Не давајте да ве врзуваат измислени правила, не патувајте по пат кој е асфалтират, бидејќи така треба. Најдобрите работи во животот се случуваат на патишта полни со прашина и кал, каде што поминуваат малку луѓе.

Знам дека ништо не знам

Уште нешто- заборавете се’ што ве учеа за врските. Се’ за што учевте и читавте. Да, вклучувајќи го и овој текст. Секоја врска е посебна, бидејќи секоја динамика помеѓу двајца луѓе е различна. Не постојат стереотипови, нема правила. Она што му се допаѓало на вашата бивша не мора да му се допаѓа на идната. Не постојат двајца исти мажи. Ниту две исти жени. Слушнете се себеси и партнерот, обрнете внимание на она што ви зборува желудецот. Ниту две идентични ситуации со партнерот не се потполно исти.

Кики Шего

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: