Постојат 11 љубовни врски и сигурно сте биле барем во една од нив

Колку мажи постојат на светот, толку има видови на емоцоонални врски- онаа која ќе ви го скрши срцето, онаа на која едвај се сеќавате, онаа која ќе ве натера да се преиспитате што е тоа љубов…Едни се подобри од други, но секоја на нешто ќе не’ научи, но додека тоа не се случи, секоја жена ќе помине барем една од овие 11 врсти на љубовни врски.

Прва љубов.

Оваа врста на љубов најверојатно најмногу боли кога ќе сфатиме дека е готова, но кога ќе ја доживеетe, се чувствувате како цел свет да ви се сменил. Иако повеќе не знаете ниту каде е, ниту што прави, па ниту како изгледа, секогаш се сеќавате.

Врска однапред осудена на пропаст

Иако пријателите, родителите и целата околина гледа и ви зборува дека тоа момче не е за вас, а воглавно се во право, вие одлучно бирате тоа сами да го сфатите, секако преку врска со нив.

Маѓепсаниот круг на раскинување и смирување

Неколку месеци е се’ супер, па неколку недели не можете ни да се гледате еден со друг. Се вртите во тој маѓепсан круг се’ додека на еден од вас не му се досади и не одлучи да ја прекине врската.

Летна шема

Дали е во прашање море, плажа, сонце и жешко време, не се знае, но поголем број на жени е подготвено за авантура која на море и ќе остане!

Врска во која ќе се залетате мислејќи дека е онаа вистинската

Сите ви велат да намалите доживување, но на кого му е гајле! Сакате да му кажете на цел свет дека се најдовте еден со друг, правилата не ве интересираат. Единствено за што не размислувате е дека такви брзи љубови воглавно бргу и се гасат.

Не знаете на што сте

Се забавувате? Или сте пријатели? Можеби пријатели со привилегии? Иако не знаете кој статус е во прашање, останувате во таа необична врска, бидејќи е така забавно и убаво, а во исто време е и фрустрирачко.

Врската за која се смеете секогаш кога ќе се сетите

Можеби е тоа мажот кој ветувал кули и градови или можеби оженет тип кој го криел својот брачен статус цело време, но иако крајот боли, кога ќе станете зрели и помудри, жените повеќето со насмевка се сеќаваат на вакви врски. Присетување колку лесни беа лагите, предизвикува гласно смеење со пријателките кои беа сведоци на тоа време, но и цврсто уверување дека тоа нема да се повтори.

Платонска врска

Ваквиот маж, жените често и не го бројат во бивши партнери. Се сретнале еднаш, размениле броеви на телефонот, но во наредниот месец само се допишувале? Во овој момент ова ќе досади, па таквите врски обично и нема да пораснат во ништо повеќе.

Врска поради која сте сменале стил

Од некоја причина сте мислеле дека е време за промена, а несвесно тоа било поради тогашниот партнер. Овие врски остануваат воглавно во убаво сеќавање, како и на човекот кога во гардероберот ќе видите некое парче облека кое сте го купиле токму поради него.

Физичка врска

Мислите дека сте создадени еден за друг, но кога ќе размените неколку реченици, ќе сфатите дека немате ништо заедничко, дури ниту тема за разговор.

Онаа која дефинитивно изгледа како права

Се мисли на ситуација кога во еден момент ќе помислите ‘Оваа е вистинска врска’! Можно е ваква врска да заврши со венчавка, но можеби е само една во низата на сериозни кои ќе ги имате во иднина, но било како било- вакви врски траат долго.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: