Изолација на партнерот е вообичаен облик на злоставување

Ако вашиот партнер се вознемири кога излегувате со пријателите или колегите, бидете внимателни. Можеби нема да помине предолго пред да се обидат да ве изолираат, правејќи ве свој ‘посед’. Изолацијата на партнерот и негово отстранување од социјаното и семејното опкружвање е очигледен облик на злоставување.

Меѓутоа тоа е толку тиха стварност што жртвите тоа не го сфаќаат во раната фаза. Сепак, на крајот доаѓа ден кога ќе станат потполно свесни за својата осаменост и невидливите решетки на затворот во кој се заробени.

Најмногу изненадува тоа што партнерот често попушта и прифаќа таков третман од љубов. Навистина, односите засновани на зависност често паѓаат во оваа врста на психолошки затвор. Љубовта не е исклучива емоција која треба само да се дава и прима од нашите партнери. Ние сме социјални и емотивни личности. Потребен ни е контакт и наклоност на нашите пријатели, семејството и колегите. Всушност без таа секојдневна близина надвор од куќата, ние постојано венеме.

Психолошкото и емотивното злоставување се чести појави во романтичните врски. Но, често остануваат незабележителни. Според истражувањата личноста која има вакви црти има психопатски дел од личноста. Тие се многу вешти во динамиката како презир, контрола, манипулација и склоност кон изолација на партнерот. Изненадува и фактот дека вакви односи има многу меѓу младата популација. Иронија, сарказам и омаловажување на другите стануваат секојдневна појава во вакви врски.

Сепак изолацијата е прв чекор кон психичкото малтретирање, што најчесто се тумачи како чин на голема љубов. Тоа се случува кога личноста бара од партнерот да остане покрај него наместо да помине време со пријателите и семејството.. Но, малку по малку партнерот почнува се’ повеќе да ги сече сите социјални врски.

На крајот се јавува пасивно- агресивно однесување. Нема да кажат јавно дека се вознемирени поради тоа што нивниот партнер се дружи со пријателите, но ќе покаже преку свои други однесувања. На пример, ќе престане да разговара со својот партнер, ќе треснат врата или едноставно ќе бидат многу вознемирени. Тоа се нездрави опсесивни односи кои се манифесатираат преку доминација, љубомора и емоционална несигурност. Партнерот го губи својот идентитет и поддршката на пријателите и семејството.

Како да се излезе од вакви ситуации или врски?

Прво треба партнерот да стане свесен за изолацијата. Меѓутоа, тоа не е секогаш лесно. За тоа може да постојат повеќе причини. Прво е менталната истрошеност. Цената на психичкото злоставување која се оддржува со текот на времето остава последици. Затоа е важно лицето да знае што се случува и да делува и на партнерот или да си замине.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: