Моралното предавство може да биде полошо од физичкото- што лошо влијае на љубовната врска?

Постојат одредени работи кои неминовно врската ја водат кон крајот, кон уништување на односот помеѓу партнерите. Некои луѓе прават некои работи сосем несвесно.

1. Морално предавство. Иако сите често зборуваат за физичко предавство и последиците на таквото предавство, не треба да се запостави и моралното предавство. Предавството на ментално ниво е понекогаш полошо од физичкато и може да остави сериозни трагови. Флерт, лажење, маипулација, ‘наивни’ пораки со пријателите за некој друг, а се’ со двосмислено наговестување. Тоа се работи кои носат -довербата меѓу партнерите во нивниот однос да се разниша.

А кога довербата еднаш ќе се изгуби многу е тешко да се обнови. Можеби на мажите им се чини дека во некои фрази кои ќе им ги упатат на колешката или било која друга девојка, нема ништо чудно. Меѓутоа, жените имаат многу чудна и силна инутиција и препознаваат и најмали вибрации кои се упатени кон некој друг, колку и да сакате да се оправдате себеси.

2. Исмејување на стравовите и траумите на партнерот. Ова е можеби една од најлошите особини на несигурните мажи. Повреди кои ви се чинат безначајни, понекогаш и смешни, на другите луѓе можат да им бидат многу болни, понекогаш дури и рани кои не можат да ги зацелат. Мажот мора да поддржува и да ја штити својата партнерка, а не да ја турка во бездна од стравови и неизвесност.

3. ‘Не сакам да разговарам со тебе’. Ако на овој начин ги решавате судирите или дури по расправија се однесувате вака, тогаш сте на директниот пат кон крајот на вашиот однос и разделба. На овој начин покажувате рамнодушност и неподготвеност за решавање на заедничките проблеми во односот. Сето тоа предизвикува чувство на отфрлање. Ако вака се однесува маж, тогаш жената ќе се чувствува како постојано да удира во ѕид и после некое време едноставно ќе престане да се обидува. Многу бргу после таа одлука мажот ќе забележи рамнодушност во нејзиното обраќање. Мажот треба да и’ биде партнер и сојузник, а не противник во врската.

4. Приоритети. Иако се на последно место, никако не се помалку важни. Потребно е да ги знаете своите приоритети и вие и вашиот партнер.

Ако мажот поголемиот дел од времето ќе го помине во виртуелниот свет, на работа или со пријателите, сеќавајќи се дека има партнерка само доцна навечер кога ќе се врати дома или во слободно врме кога нема друга занимација, тогаш многу бргу ќе ја изгуби.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: