Не ве изневери љубовницата туку мажот

Некои жени повеќе се подготвени да бидат гневни на љубовниците на својот партнер отколку на него, што е негова одговорност сепак поголема за тој чин. Дали тие можат да се сметаат за виновни и дали нивната одговорност е поголема отколку на мажот?

Се издвојуваат 4 причини за објаснување, зошто љубовницата не треба да има некаква одговорност и секоја изневерена жена, таквата работа треба да ја согледа со својот партнер. Се смета дека се тоа 4 причини:

1. Таа не може да ви украде нешто, ако тоа навистина ви припаѓа. Никој не може да ви одземе нешто што вистински ви припаѓа. Жените понекогаш настојуваат да го нагласат својот љубовен однос со фразите ‘Тој е мојот маж’, ‘Подалеку рацете од него’. Меѓутоа, треба да знаат дека ниту една друга жена не може нејзиниот маж да го наведе на нешто што тој не го сака. Можеби е подобро жената сама да се преиспита дали навистина има однос каков што сака да има. И дали тој маж во толкава мера е нејзин, колку што таа мисли дека е.

2. И таа може да биде изневерена. И од другата страна е можеби жена која поверува во лагите на вашиот маж. Не треба да им судите додека не ја разјасните ситуацијата детално. Можеби токму тој е тој што раскажал поинаква приказна, лажна за вас. Според тоа и љубовницата може да биде повредена, бидејќи со лаги и лажни приказни мажот влегува во нејзиниот живот.

3. Не ја изигра таа вашата доверба. Мажот е тој кој ви вети вечна љубов, доверба и внимание. А, не таа. Таа кон вас нема никакви одговорности, туку тој. И тука е потребно да направите разлика. Тој е тој кој ја изигра вашата доверба и го прекрши вашиот завет за љубов.

4. Таа не го присили да ве изневери. Тој сам се согласи да има афера со неа. Веројатно таа не го натера да влезе во забранета приказна.

Понекогаш навистина знае да биде погрешно префрлање на вината на другата страна и тргање на одговорноста од мажот. На крајот на краиштата, тој е тој кој нависитна треба да ги контролира своите желби и нагони. Ако другата страна е слободна, тогаш има право да прави што сака, но сепак со своите постапки да не ги загрозува другите, бидејќи кон никој нема одговорност. Додека тој има и тоа кон вас.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: