Познат е фактот дека луѓето кои се во зрели години со себе носат големо искуство и со нив можете да зборувате на најразлични теми и од тоа многу да научите. Еве неколку мудри мисли на познатиот Ернест Хемингвеј.
1. ‘Не му судете на човекот според неговите пријатели’. Бидејќи сами го бираме своето опкружување, пријателите, животните партнери, па според тоа не треба да му судиме за нив на никој. Бидејќи некогаш ниту тој сам не знае што го чека во еден однос и нему времето ќе му покаже кој е каков. Секој може да биде изневерен, бидејќи некои луѓе можат да носат лажни маски и лажно да се преставуваат. Па според тоа неблагодарно е на некој да му се суди според неговото опкружување.
2. ‘Сите луѓе се поделени во две категории- оние со кои е лесно, но лесно е и без нив. И оние со кои е тешко, а без нив е невозможно’. Хемингвеј сметаше дека во животот не треба да жалиме по оние луѓе кои не’ напуштија. Како што вели и самиот, постојат луѓе без кои е лесно и оние без кои е невозможно. Меѓутоа, кој и да не’ напушти во животот, колку и да е тешко, важно е да се продолжи понатаму.
3. ‘Не можете да побегнете од себе!’. Не треба ниту да се обидувате, бидејќи да избегате не можете. Човекот е понекогаш склон вината за некои свои постапки да ги префрла на други луѓе, а за себе бара оправдување и изговори. Меѓутоа дури откако ќе се соочите со самите себе и своите постапки, ќе можете да воспоставите сопствен мир и да научите да ги контролирате ситуациите.
4. ‘Кога брзате, имате неуспех и грешки’. Денес е само еден од многу денови кои се пред вас. И можеби сите ваши идни денови зависат од тоа што правите денес. Луѓето секогаш некаде брзаат и се плашат дека некаде ќе закаснат. За тоа нема потреба. Застанете, смирете се и мирно размислете што треба следно да направите, на тој начин нема да се каете за вашите постапки и да гледате во последиците.
5. ‘Сите имаме стравови, но оние кои не се соочуват со нив, само ги имаат се’ повеќе и повеќе’. Нашите стравови, се всушност плод на нашата фантазија. Самите си создаваме стравови кој постојано не’ следат. Сите имаме страв, само некои можат да се носат со него, да се соочат и да победат. Не дозволуваат стравот да владее со нив.
Leave a Reply