1. Да се сака, значи да се прифати. Не да се замижи. Не да се претерува. Не се измислува она што не постои. Да не се трпи. Да не се влегува во борба. Да не се копа за да се бара тронот од злато. Да се сака значи да се прифати.
2. Луѓето воглавно не знаат да сакаат. Жал ми е, но така е. Тргнуваат од себе, мерат, вагаат, сецкаат, пецкаат и боцкаат. А некако кога сакаш, способен си и да не тргнеш од себе. Туку да пробаш за минута да го разбереш оној кого го сакаш без тоа да има врска со тебе.
3. Сакањето мора да биде лесно. Животот можеби ќе биде тежок. Деновите можеби ќе бидат тешки. Но сакањето мора да биде лесно.
4. Секогаш знаеш кога не сакаш. Знам дека знаеш и додека ова го читаш.
5. Нема контрола. Или е или не е, па што ќе биде нека биде или не е љубов. И Ок е да не е се’ љубов.
6. Љубовта мора да биде сигурно место. Она на кое мислиш кога некој ќе ти каже: Каде е твоето среќно место?
7. Односот подразбира присутност, време, нерви, разбирање и разговор. И ниту едно не смее да се исклучи.
8. Нема совршена љубов. Само совршени илузии.
9. Можеш да сакаш некој дури и ако во овој момент не се сакаш себеси. Бидејќи таа љубов може да помогне да сфатиш и колку можеш да се сакаш себеси.
10. Не е се’ љубов. Нешто е само страст. или интерес. Или бегство од осаменост. Или потреба за припаѓање. Не се’ љубов.
И понатаму учам. И некои лекции болат, некои ми годат, некои одамна требаше да ги научам.
Единствено што сигурно знам е: Некоја личност која ја сакате не оди ниту позади вас, ниту пред вас. Туку покрај вас. Па каде што ќе застанете.
by Рита
Leave a Reply