Душо, се надевам дека нема да му се случиш на било кој

Се надевам дека ќе му се случиш на некој кој ја почитува твојата магија, кој посакува некој како тебе- кој го сака твојот начин на размислување и начинот на кој ти растеш.

Се надевам дека некој ќе се вљуби во тебе и во светот во кој живееш. Некој кој се восхитува на твојата самодоверба и дух, некој кој не те потценува тебе и она што навистина можеш да направиш.

Се надевам ќе му се случиш на некој кој ја гледа твојата храброст и ја признава твојата сила и моќта на волјата. Некој кој не се навредува од твојата духовитост, туку се развива и ја сака секоја работа во врска со неа.

Се надевам дека ќе му се случиш на некој кој ги слуша твоите приказни, твоите искуства и кој ќе ужива да расте во заедничкиот процес со тебе. Се надевам дека ќе те исправи во љубовта и немилосрдно ќе те охрабри да тежнееш кон работите кои ги сакаш. Некој кој го држи твоето срце и го почитува, кој ја разбира твојата вредност и го почитува она што го цениш.

Се надевам дека ќе му се случиш на некој кој ќе те погледа и ќе види силно, способно и храбро суштество. Некој кој никогаш нема да посака да те ограничи или да го уништи твојот ентузијазам. Некој кој нема да те сруши, само за тој да се крене. Некој кој ќе ти дозволи да светнеш најсветло на светот и кој нема да се уплаши од твоето светло.

Се надевам дека ќе му се случиш на некој кој ја цени секоја работа за тебе. Од твојата насмевка до твојата душа. Некој кој е подготвен да влезе во оган со тебе и да те слави тебе дури и во најлошиот ден.

И се надевам дека тоа ќе го видиш кога ќе се случи. Се надевам дека тоа ќе го видиш во очите на луѓето кои ги сретнуваш, странци, пријатели, семејство, на оние посебните, а посебно себеси.

Заслужуваш таква убавина во својот живот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: