Eдна од најсреќните одлуки во животот

Една од најсреќните одлуки во мојот живот е да ги пуштам луѓето да мислат за мене што сакаат. Конечно, тоа е нивна работа, тоа се нивни мисли и нивно време, кое го трошат онака како што сакаат.

Каква врска имам јас со тоа? И сега сум прекрасно слободна. Повеќе не се плашам дека некој ќе го разочарам! Ниту минута нема да трошам на расправа. Не влегувам во никаква дискусија. Нема да се докажувам дека сум во право или не.

Мрзлива сум за тоа. Мрзлива сум на сила да зборувам со оние со кои не сакам. Мрзлива, да водам глупи разговори и допишување со оние кои не ми се интересни, кои на мене сакаат да ја закачат етикетата на своите комплекси или да зборуваат со мене за она за што не сакам да зборувам со нив.

Мрзлива сум да кажам Да, кога во мене се’ зборува Не.

Мрзлива сум да се извинувам за своето мислење, кое никогаш на никој не го наметнувам, но не барам да ме убедуваат.

Научете ја таа мрзливост драги мои.

Затоа што таа ќе ве сочува од луѓе кои не ви се важни во животот. Ќе ви овозможи да им помогнете на оние на кои вашата помош им е потребна и да не губите врме на оние кои претураат од шупливо во празно.

Ќе имате слобода на оние кои не ве трпат од некоја причина да им кажете да не ви се мешаат во животот.

Мрзливоста ќе направи и убаво големо спремање во вашиот живот, после кое ќе остане само она што ви е потребно. Ослободување од непотребни работи на сите нивоа е еден од условите за зачувување на психичкото здравје, како и на сите други.

Бидејќи, ништо така не не’ уништува како зависноста од туѓото мислење и насилството над самите себе, додека цело време се трудиме да исполниме нечии очекувања и да бидеме добри со сите.

Смилувајте се себеси!

Не си земајте обврска емоциналнио да им служите на оние кои сметаат дека нивното мислење за вас, треба да влијае на вашиот живот.

Никој освен вас не треба да влијае на вашиот живот.

Затоа, можат да мислат на нас колку што сакаат, а ние ќе живееме, додека тие мислат.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: