Ако не носи радост во твојот живот- пушти го!

Ако во некоја нова ситуација сте сретнале некоја нова личност- само пратете што ви зборува срцето. Тоа е непогрешливо. Срцето моментално ви кажува што ќе се случи.

Човек мора да биде мирен, за да го почувствува тој знак, инаку ако нешто брка, трча, нема ништо да забележи. Ако почувствувате во моментот кога е важно, мал притисок – тоа е НЕ и што и да ве праша некој, тоа е НЕ и не одeте по друг пат. Ако почувствувате некое мало ширење, весело треперење, како ветре -тоа е знак дека треба да се оди по тој пат, таа личност е вистинската.

Години тренирав тоа да можам да го слушнам. Најлошото што можете да направите, по тој знак да или не, кој е секогаш точен, бидејќи тоа е космичка реакција, бидејќи во срцето е синусниот јазол (а тој никогаш не греши) кој работи на ѕвездени системи – е да почнете да размислувате.

Тогаш сигурно ќе згершите. Нема што да размислувате, го знаете одговорот. Нема што да размислувате за одговорот, само го менувате во погрешен смер. Размислувањето има свои законитости. Мислењето е многу ограничен начин за осознавање на вистината. Срцето вели директно и човек тогаш многу често, може да има визија и да види некои работи, но обично одбива и вели дека не е точно.

Велимир АбрамовиЌ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: