Да се биде премногу добар може да ве доведе до депресија

Некои од нас имаат многу љубов да понудат.

Често е тоа голем недостаток. Мразам тоа да го признам, но да се биде чиста душа не се исплаќа ако се злоставувате самите себе. Не дозволувајте другите луѓе да ве газат во името на пријателството. Мислите дека му помагате на човештвото? Но, правите голема грешка за себе. Важно е да се сфати дека да се биде добар не значи да се биде ужасен кон себе.

Депресијата често ве прави да барате потврда. Понекогаш сте така заслепени во потрагата по луѓе како вас, што заборавате на сопствената вредност. Меѓутоа, дури и тогаш ќе сретнете луѓе кои ќе ве нарекуваат нарцис, кои нема да видат алтруизам, кои ќе пронајдат начини да ве критикуваат. Додека растев, многу години бев со своите злоставувачи и ја користев нивната перспектива за да се оценам себеси. Погледите на своите пријатели ги ставав над своите, бидејќи на многумина не им бев доволно важна.

Доживеав две главни напади на паника кои беа последица на обид за самоубиство. Отако ја видов смртта пред очите, почнав да го менувам својот живот. Дури тогаш ги видов работите какви што се, почнав да развивам сопствена перспектива.

Како дете, возрасните околу мене ме правеа немоќна. Ги сакаа децата, но заборавија дека и тие се човечки суштества. Ми ги сечеа крилата. Годините поминуваа и почнаа сами да се реплицираат тие емоции во романтичните односи. Јас го давав срцето на секој кој ме сметаше поднослива. Се чував до крај бидејќи мислев дека е тоа важно.

Тоа не бев јас. Секогаш им давав на другите предност на сомнеж и им овозможив на другите да владеат со мене. Да се биде светец е напорно. Но, кога стварноста ќе ве погоди и љубовната приказна е готова, каде одите? На омраза кон себе, секако! Се сметате себе виновни за сето тоа. А бидејќи ова се случува бесконечно, си велите дека сонцето е далеку.

Но не е , всушност е многу блиску.

Сте слушнале дека ‘добивате она што давате’ и ја дадовте вашата душа. Време е да се фокусирате на нова изјава ‘Вие ги учите луѓето како да постапуваат со вас’.

Сигурно веќе се обидовте. Му кажавте на некој дека лаже, се боревте за себе, веројатно на некои луѓе му кажавте што навистина мислите за нив. Меѓутоа, сето тоа обично се враќа да ве касне. Вие или ќе завршите со чувство на вина или другите ве означуваат како некој кој нема чувство. Било како било, бескорисно е.

Размислете за ова: ‘Зошто се грижите? Ако не ви се допаѓа начинот на кој некој се однесува кон вас, зошто вие да бидете виновни, затоа што тоа им го кажавте?

Вие сте важни. Во суштина, најважни сте. Број еден на вашата листа на приоритети треба да бидете вие. Најдобриот пријател кој некогаш ќе ги имате е оној кој го гледате во огледало. Грижете се за себе, никогаш нема да пропаднете.

Што повеќе се давате емоционално на другите, помалку ви се враќа. Знам дека ова звучи неправедно, но тоа е токму како функционира светот. Ако повеќе им пишувате, помалку ќе ви одговараат. Ако кажете ‘да’ на секој план, тие ќе почнат да ви враќаат со ‘не’ на вашиот. Тие ќе ве земаат здраво за готово.

Поминете време со себе. Ќе откриете толку многу што никогаш не сте знаеле. Во тој ум постои складиште на мир, а кога ќе ги тргнете негативните влијаниа во вашиот живот, вашиот ум станува посмирен.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: