Од лош брак треба да се скокне како од воз, па ако треба и да ги оставите коферите во возот и не треба да превземате никаква вина- да беше судено, тоа среќно ќе траеше.
Да се минува низ развод или расинување, посебно со деца е болно и збунувачки, но исто така може да ве научи важни животни лекции
1. Не се обвинувајте еден со друг. Играта ‘ти кажа- јас кажав’ нема никако да помогне и нема ништо да постигнете. Лесно е да се каже: ‘Се’ е ова твоја вина. Ние се разведуваме бидејќи направи ‘тоа и тоа’ (сеедно ако ве изневери, излага, ги прокоцка заедничките пари)..Но, кога вината ќе ја префрлите на бившиот, со тоа само себеси си ја одземате силата и моќта и станувате жртва.
2. Не ја ставајте целата вина на себе. Подеднакво како што е лесно за се’ да се стави прст на друг, лесно е и себеси да се обвините, посебно ако сте личност која сака да им угодува на луѓето околу себе. Кога уште се грижите за вашиот бивши, лесно е да смислувате изговори за него и неговото однесување. Не е се’ ваша вина! За прекинувањето и разводот се секогаш виновни и двајцата.
3. Не се срамете да заплачете. Кога минувате низ лош период, можеби се чувствувате како да нема да има ден кога ќе бидете среќни. Но, ништо не трае вечно, колку и да е болно сега. Дозволете тагата да се искаже низ солзи. Ќе ви биде полесно, отколку се’ што е во вас да го туркате уште подлабоко.
4. Грижете се за себе. Откако ќе се исплачете добро, не заборавајте на самите себе. Правете работи кои ве прават среќни. Ова е совршено време да се разгалите себеси.
5. Запомнете дека за простување е потребно време. Одберете да си простите себеси и на својот бивши, но запомнете дека тоа не се случува преку ноќ. Можеби ќе биде потребно време за тоа. Можеби и многу време. Кога немате емоционална реакција кога ќе се видите или ќе се слушнете со бившиот, ќе знаете дека му простивте.
6. Ценете ја врската со самите себе. Кога бевте во тој брак или врска, можеби заборавивте на себе. Можеби цела енергија ја вложивте во него, а за тоа да не бевте свесни. По разводот имате време да се фокусирате на себе. Ова е време кога подобро ќе се запознаете себеси. Ценете го тоа. Научете повторно да ја сакате сликата која ја гледате во огледало.
Leave a Reply