Не треба да направиш ништо, за да му се допаднеш. Не, ако не мораш

Не треба да направиш ништо, за да му се допаднеш. Не, ако не мораш. Некогаш ќе се случи некоја личност да те отпише, и покрај тоа што си постапувала по правилни начела, во согласност со своите уверувања, својот табиет, темперамент, карактер, претходните искуства, во согласност со себе.

Не се прашувај никогаш, што јас треба да направам за да му се допаднам. Само немој. Те молам. Не треба да направиш ништо за да му се допаднеш. Бидејќи не мораш нужно. Како што не е прв (а колку и да звучи излижано, навистина не е ниту последен) кој тебе ти се допаднал.

Покрај тоа, секогаш постои шанса да му се допаѓаш многу, но можеби не е способен, во склад со тоа и да постапува. Дали се тоа негови стравови, некое претходно непријатно искуство, неподготвеност, игнорирање, посакува секогаш да му дадеш повеќе и ти секогаш да бидеш главен иницијатор, тактика… Тоа и не е важно.

Ако не може да ти возврати и да покаже заинтересираност- олади малку, чувај се. Можеби е тоа заштитен механизам, можеби се одвива се’ несвесно кај него, можеби гори од желба да те менува…не е важно. Нема ништо да промениш, ако се обидуваш да му се допаднеш. Дури и да се предомисли, тоа е најсилен доказ, дека е тотално површен и дека тебе, тој апсолутно не ти треба. И тоа не е приказна за долги патеки. Но, нема со тоа ништо да промениш и не се мачи залудно.

Можеби од друга страна, свесен е дека не ти е дораснат и дека не сака девојка, која во тој однос доминира со квалитети и не може никогаш да се помири, дека во животот ќе бидеш едно скалило погоре од него. Можеби и ти не сакаш некој кој со својата супериорност ќе те обесхрабри, ако таков однос не е мотивирачки. Можеби има натпреварувачки дух.

Ако е виновен, виновен е. Не му можеш ништо. Дури и ако можеш, не го прави тоа никако. Може да има безброј претпоставки зошто е таков, некои микс на трауми кои ти ги знаеш, но и самата знаеш, нема ништо да надоместиш. Само ќе се истрошиш, ќе изгубиш на својата убавина, ќе ја изгубиш својата моќ во безуспешни обиди. Пушти со тоа да се занимава некоја друга, која има помалку амбиции, а поголеми шанси во тоа да успее.

Ти нема да дојдеш до ова размислување, ако не сфатиш, дека полниш дупка без дно. Помири се со тоа, дека некоја друга ќе го направи среќен или дека тоа така ќе го претстави. Да, ќе го направи тоа, веројатно.

Заштити се себеси под итно и откажи се од идејата дека мора да имаш некој. Океј, здраво е да се исплачеш и да жалиш, но постави си граница. И потоа застани…. Да посакуваш сепак да ти се јави, да сфати дека си премија за него. Дири и ако се јави, кога егото ќе му биде гладно, да провери дали си уште во игра, стисни заби, најјако што можеш, диши длабоко и не одговарај, додека не почувствуваш дека привлечноста поминала.

Бидејќи матрицата ќе се повторува, манипулацијата ќе проработи во истиот момент и ќе бидеш уште поразочарана, кога балонот на лажна надеж ќе пукне. Биди искрена кон себе. Преиспитај ги случувањата во границите на нормалата, прифати ги моменталните околности, дозволи му да дише, но и себеси, продолжи со својот живот и грижи се за себе.

anabarbera

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: