Ќе се сретнат погледите, но срцата никогаш повеќе

Многу пати сте ја слушнале реченицата – ‘Слушај го своето срце!’
Па еве, по стоти пат-
Навистина, слушај го своето срце❤️
Тоа не значи дека секогаш ќе биде мед и млеко, туку дека ќе доаѓате во ситуации, кога ќе бидете со луѓе кои ќе ви помогнат во секој момент, да видите каде сте, кои уверувања ве блокираат, на што се ‘лепите’, што сте завршиле, кога треба да додадете гас, а кога малку да се смирите и одмарате, каде да одите и кога да останете таму каде што моментално сте.
Тоа вашето срце се’ ви зборува или вашата душа, ако така повеќе сакате.
Тоа нас не’ води во слобода.
Слобода од сите окови, стеги, ограничувања.
Тоа не води таму каде ние во суштина сме, само привремено сме заборавиле.
Тоа ни зборува кои сме ние вистински, но, сме заборавиле.
Тоа е наш гуру, единствен учител кој ни е потребен.
Затоа..
Пратете го вашето срце што ви зборува!

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: